03:35 - 7 април, 2026

На девојка ѝ се слоши на концерт на Елена Ристеска, пејачката го прекина настапот

На млада девојка ѝ се слоши на настапот на Елена Ристеска во Градскиот парк во Скопје во саботата. Елена пееше на настанот „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкофонијата заедно со други нејзини колеги.

Во еден момент, Елена го прекина настапот и рече дека на девојка од првите редови ѝ се слошило, и го замоли обзебедувањето да реагира, а публиката се исплаши.

-Дали си добра“, ја праша пејачката девојката, а обезбедувањето ја тргна од толпата и ѝ ја однесе кај медициниските лица да ѝ пружат помош. На настанот имаше и волонтери од Црвен крст.

Фото/ Инстаграм

-Ве молам, немојте да се туркате толку блиску еден до друг, топло е. Гледате што може да се случи“, им рече Елена на фановите. Среќа е што таа и тимот брзо реагираа, а девојката си замина дома.

Фото/ Инстаграм

Елена Ристеска потоа го продолжи настапот, на кој целата публика пееше со неа, а ги испеа своите најголеми хитови. Настанот беше организиран од Општина Центар.

Го водеше Вера Јанковиќ, а свои концерти одржаа и Дарио, Кристина Арнадуова. Викторија Лоба, „2 бона“ и Барбара Поповиќ.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....