9.8 C
Скопје
22:28 - 17 март, 2026

На девојка ѝ се слоши на концерт на Елена Ристеска, пејачката го прекина настапот

На млада девојка ѝ се слоши на настапот на Елена Ристеска во Градскиот парк во Скопје во саботата. Елена пееше на настанот „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкофонијата заедно со други нејзини колеги.

Во еден момент, Елена го прекина настапот и рече дека на девојка од првите редови ѝ се слошило, и го замоли обзебедувањето да реагира, а публиката се исплаши.

-Дали си добра“, ја праша пејачката девојката, а обезбедувањето ја тргна од толпата и ѝ ја однесе кај медициниските лица да ѝ пружат помош. На настанот имаше и волонтери од Црвен крст.

Фото/ Инстаграм

-Ве молам, немојте да се туркате толку блиску еден до друг, топло е. Гледате што може да се случи“, им рече Елена на фановите. Среќа е што таа и тимот брзо реагираа, а девојката си замина дома.

Фото/ Инстаграм

Елена Ристеска потоа го продолжи настапот, на кој целата публика пееше со неа, а ги испеа своите најголеми хитови. Настанот беше организиран од Општина Центар.

Го водеше Вера Јанковиќ, а свои концерти одржаа и Дарио, Кристина Арнадуова. Викторија Лоба, „2 бона“ и Барбара Поповиќ.

Слични објави

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо

Емотивна исповед на Азис кој откри неверојатни детали од детството: Роден во затвор, а првото име му било Станислав

С.П.

Кога се сврте, проработе фантазијата – дали Маја носи нешто под фустанот?

Еспресо
Се вчитува....