14.8 C
Скопје
08:14 - 22 октомври, 2026

На 88 години почина Луиз Флечер, суровата медицинска сестра Рачед од филмот „Лет над кукавичјото гнездо“, револуционерка на филмските негативци

Доби Оскар за улогата што ги револуционизираше филмските негативци.

Луиз Флечер, добитничка на Оскар за нејзината улога на суровата и пресметлива медицинска сестра Рачед во култниот филм „Лет над кукавичјото гнездо“ („One Flew Over the Cuckoo’s Nest“) почина на 88 години.

Флечер умрела во сон опкружена со семејството во нејзиниот дом во Монтдураус, Франција. Нејзиниот агент Дејвид Шаул изјави за Асошиетед прес, без да додаде детали за причината за смртта.

Рамо до рамо со Џек Николсон

Откако со години ја паузирала кариерата за да ги воспитува своите деца, Флечер била во нејзините 40-ти и малку беше позната кога била избрана за улогата во легендарниот филм од 1975 година на режисерот Милош Форман, каде глуми со Џек Николсон.  Во тоа време, таа не знаела дека многу други истакнати ѕвезди, вклучувајќи ги Ен Банкрофт, Елен Барстин и Анџела Лансбери, ја одбиле истата улога.

 

Слични објави

Хороскоп за 22 октомври: Скорпиите ќе бидат расположени, Јарците ги очекува средба со најблиските

Еспресо

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо
Се вчитува....