8.8 C
Скопје
18:27 - 31 март, 2026

Полицијата нашла бела прашкаста материја до телото на внукот на Роберт де Ниро, немало траги на насилство

Откако најстарата ќерка на Роберт Де Ниро, Дрена Де Ниро, денеска објави дека починал нејзиниот син Леонардо, кој имаше само 19 години, полицијата изезе со првични информации од истрагата.

Како што пишува „Дејли мејл“, полицијата потврдила дека била пронајдена бела прашкаста материја во близина на телото и дека немало траги на насилство.

Ќерката на познатиот актер со емотивна порака на Инстаграм ја објави фотографијата на синот, информирајќи ги своите следбеници за семејната трагедија.

„Мојот прекрасен, сладок ангел. Те сакав без зборови и описи од моментот кога те почувствував во мојот стомак. Ти беше мојата радост, моето срце и се што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам да бев со тебе во моментов. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ја ширам љубовта и светлината што ме натера да ги чувствувам кога станав твоја мајка. Беше толку сакан и посакувам таа љубов да можеше да те спаси. Многу ми е жал“, напиша Дрена со фотографија од нејзиниот син.

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо
Се вчитува....