16:40 - 18 август, 2026

Музиката на Жељко Самарџиќ не му одговара на директорот на Паркови на Сплит: Зошто му е забранет концерт кога мајка му е Хрватка!?

жељко самарџиќ

Мостарскиот пејач Жељко Самарџиќ не доби дозвола да настапи пред сплитската публика во Суштипан на 18 август.

„Почитувани, Вашето барање е одбиено“ – организаторите на концертот од агенцијата „Она моја“ добија, без образложение, одговор од Јавната установа за стопанисување со парк-шумата Марјан и други заштитени природни вредности во областа на градот Сплит, вклучувајќи го и Суштипан.

-Одлуката е моја, ја донесов и го имам тоа право. Музиката на Жељко Самарџиќ не му прилега на Суштипан – изјави за Слободна Далмација Марко Пејновиќ, директор на парк шума Марјан.

Од агенцијата „Она моја“ изјавија дека се изненадени од ваквата одлука со оглед на тоа што Самадрциќ ги полни салите низ регионот.

– Нас нè интересира кој е тој што оценува што е соодветно, а што не. Директор на Парк-шума! Жељко Самарџиќ досега настапувал во арените во сите градови во Хрватска. Ги полнел без никакви проблеми. Со оглед на тоа што 90 отсто од сите негови песни се балади и дека е многу популарен меѓу женската публика и дека мајка му е Хрватка, не гледаме причина за таква одлука. Тоа е вовед во цензура по редослед по кој некој ќе определи што може, а што не може да се слуша – изјави Домагој Петричевиќ, директор на агенцијата „Она моја“, пренесуваат српските медиуми.

Тој додаде дека не планира да бара нова локација за одржување на концертот на Самарџиќ.

– Спаладиум арената е затворена, во Грипа има спортски објекти и приоритет е на спортистите, како и саемите, кои таму беа пренесени од Спаладиум. Нема ниту слободни термини. Едноставно, во Сплит нема соодветна адреса за настан од ваков тип, нема алтернативна локација за концерт од две до три илјади луѓе – рече тој.

 

Слични објави

(Фото) „Фала ти за сè, мир Божји“: Зои Блаж со сопругот Тадеј и ќеркичката Мариа го посети Острог

Еспресо

(Фото) Мајка и ќерка на заедничко патување – Ѓина Џиновиќ и Мелина уживаат во луксуз на Миконос

Еспресо

Ивона Јо искрено: „Дел од фамилијата не ми зборува зашто се омажив пред да помине една година од смртта на тато“

Еспресо

Урнебесен одговор на Ен Хатавеј на прашањето дали чека момче или девојче

apostolova

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.
Се вчитува....