2.8 C
Скопје
02:24 - 27 октомври, 2026

Музичката дива Шер откри дека имала три спонтани абортуси

Пејачката Шер во објава на Твитер напиша дека како млада, додека била во брак со музичарот Сони Боно, имала три спонтани абортуси.

-Кога бев млада имав три спонтани абортуси. Првиот го имав кога имав 18 години. Бев сама во нашата куќа. Сон дојде дома, а јас плачев и се лулав на подот – го опиша Шер својот прв спонтан абортус. При вториот спонтан абортус, напиша, врескала од болка, а докторот веднаш ја испратил на операција.

-Што би се случило со мене денес?- се запраша Шер на крајот, мислејќи на одлуката на Врховниот суд на САД со која се ограничи правото на жените на абортус.

Откако Врховниот суд го поништи правото на абортус на 25 јуни, Шер на Твитер напиша дека „не може да го потисне својот гнев“.

„Снимив филм за абортусот. Го проучував ова прашање, разговарав со семејствата, со претепаните жени“, напиша таа и додаде дека тоа не се однесува само на неа, туку на „сите вас“.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....