06:49 - 7 април, 2026

МОЖЕ ДА ДОБИЕ ОТКАЗ ОД РАБОТА ЗАТОА ШТО ГИ СЛУША „IRON MAIDEN“: Директорка на училиште во Канада нападната од родителите

Шерон Барнс, директорка на канадско средно училиште во Еден, моментално е под притисок на родителите на учениците кои на Фејсбук открија дека ја слуша групата „Iron Maiden“ и затоа побараа таа да добие отказ. 

Незадоволните родители побарале смена на директорката бидејќи, според нив, таа отворено изразува симпатии кон сатанските симболи и окултните практики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iron Maiden (@ironmaiden)


Отвореното прикажување на сатанските симболи е директно во судир со вредностите на училиштето. Затоа бараме да се смени Шерон Барнс и на нејзино место да дојде друг директор – стои во петицијата потпишана од 553 родители, пишува „Independent“.

Меѓутоа, неколку ученици одлучија да застанат на страната на директорката. Досега, нивната петиција е потпишана од нешто повеќе од 22.000 луѓе. Тие изјавија дека не ја одобруваат осудата на директорката врз основа на нејзините објави на социјалните мрежи и дека властите не смеат да го игнорираат фактот дека Барнс одлично ја обавува работата во училиштето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rafaela De Conti (@rafadeconti)


Таа направи многу напори да ги научи учениците дека Еден е место каде што се почитуваат разликите, па дури и направи посебна просторија во која учениците можат да се молат. Ова е просторија што може да ја користат сите студенти кои се од христијанска вера. Тоа го направи училиштето побезбедно и тоа е еден од најдобрите и најрасположените директори што некогаш го имало ова училиште, напишаа учениците во петицијата.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....