3.8 C
Скопје
23:49 - 20 декември, 2024

Москва се плаши од мутантна украинска војска, но денес супервојникот е реалност

Неверојатни обвинувања доаѓаат од Русија за „жестоки чудовишта“ создадени од „тајни експерименти“. Од друга страна, имплементацијата на високата технологија во војската и употребата на таканаречена „проширена реалност“ се конкретни.

Маханичко комбат одело, принтскрин

Во последниве денови, рускиот весник „Комерсант“ и државната агенција Тас објавија изјави на руски политичари, според кои постојат биолошки лаборатории управувани од Пентагон во Украина и дека истрагите на парламентарната комисија во Москва ќе ги следат резултатите на „тестовите на крвта на украинските воени затвореници“, кои наводно покажале дека тие биле „подложени на тајни експерименти, како резултат на кои биле трансформирани во жестоки чудовишта“.

Опасни болести од епруветите на американските воени лаборатории

Според рускиот дипломат и политичар Константин Косачев, тие биле изложени на „исклучително опасни болести“, кои „под одредени околности би можеле да се шират за воени цели“. Понатаму, лабораториите намерно не ги почитувале „безбедносните стандарди“ за да спроведат „експерименти врз населението“, според потпретседателката на Думата, Ирина Јароваја. Во прилог на оваа теза, таа наведува „зголемување на епидемиите во Украина“. Оттука Јароваја се повикува на „птичји и свински грип, коронавирус и мајмунски сипаници“, кои биле „маскирани како природни патогени“, создавајќи „неочекувани ситуации во различни региони на светот“ од епруветите на американските воени лаборатории.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, пак, зборуваше за „доказ дека режимот во Киев брзо ги исчистил трагите“ од воената биолошка програма финансирана од Американците во Министерство за одбрана на Украина. Ова, според тврдењето на Јароваја, го потврдува „создавањето сурова воена машинерија имплементирана под раководство на Соединетите држави“, вперувајќи го прстот кон дрогата што, наводно, им се дава на украинските војници за „целосно да се неутрализираат последните траги од човечка свест и да се претворат во сурови и смртоносни суштества“.

Војник на иднината, принтскрин

И Северна Кореја, во последните денови, преку својата државна агенција повторно обвини дека САД „инсталирале бројни биолошки лаборатории во десетици земји и региони, вклучително и во Украина“. Американскиот сајт за проверка на факти Снупс уште во февруари демантираше дека слични лаборатории „произведени од Вашингтон“ постојат во Украина. Ниту еден материјален доказ никогаш не излезе од Москва за да ги поддржи овие обвинувања за наводната монструозност на украинските војници.

Роботи, принтскрин

Фокус на „проширената реалност“

За да се создадат овие неверојатни сценарија, постои и мислење дека, со години, биотехнологијата не е избор на Западот за акциите на пешадијата да бидат поефикасни, туку изборот е во технологијата – поле на кое се фокусирани инвестициите во последната деценија и тоа главно на „проширената реалност“, односно надградување на дигиталната графика на погледот на реалниот свет, преку очила, проѕирни екрани и разни други алатки. Неуспехот на „Гугл глас“ од една страна ја забави комерцијалната и масовната дифузија на ваквата технологија, но од друга страна, во војската „музиката“ е поинаква, дури и во Украина. Ориентација преку џи-пи-ес (GPS), детекција на движења и забрзување во реално време, препознавање на објекти со помош на вештачка интелигенција, следење на тела во движење со помош на инфрацрвен и оптички радар, високотехнолошките апликации на бојното поле се многубројни.

Нано оружје, принтскрин

Украинската армија веќе неколку години експериментира со проширена реалност на своите тенкови: станува збор за проект за модернизација на копнената платформа (Lpmk) развиен од „Лимпид Армор“, компанија со седиште во Киев, базирана на технологијата Хололенс на „Мајкрософт“. Токму со Хололенс, гигантот основан од Бил Гејтс, доби договор од 22 милијарди американски долари во 2018 година за да обезбеди модерна технологија за американската војска: „Проширената реалност ќе им обезбеди на војниците повеќе и подобри информации за донесување одлуки на терен“, објаснија од компанијата, од каде нагласија и дека нема значаен цивилен пазар за Хололенс. Во суштина тоа е таканаречен гледач што проектира информации пред очите на војниците, обезбедувајќи дополнителни функции како што е ноќното гледање. Минатиот јануари Пентагон им соопшти на новинарите дека системот сè уште не е подготвен за употреба на терен. Во првата половина на јуни имаше нов експеримент чии резултати сè уште не се познати.

Хололенс, фото Инстаграм

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....