1.8 C
Скопје
04:50 - 23 ноември, 2024

Морничав двоен фемицид: Србин во Италија прво ја убил партнерката, па поранешната сопруга, можеле ли свирепите убиства на жените да се спречат?

Златан Васиљевиќ , по потекло Србин во Италија, прво ја убил својата партнерка, а потоа и поранешната сопруга. Насилникот претходно веќе бил во затвор поради тепање и закани. На неговите профили на социјалните мрежи доминираат фрази на омраза и одмазда.

Италијанските медиуми преку информциите од италијанската полиција веќе навлегоа во последните часови од животот Златан Васиљевиќ, по потекло Србин, човекот кој вчера, пред да се самоубие, ги уби својата поранешна сопруга Лидија Миљковиќ, исто така Србинка, и поранешната партнерка Габриела Серано.

Истрагата покажува дека прва што ја констатирала смртта од рацете на поранешниот камионџија била токму втората жртва – Лидија. Така, првичната хипотеза за билокакво соучесништво е исклучена.

Со мртво тело на жена во автомобил ја чекал поранешната сопруга

Златан Васиљевиќ вчера рано наутро ја повикал Габриела Серано, со која ја прекинал врската пред неколку месеци, за да ја убеди да му се придружи од Рубано (Падова) до Виченца со автомобил. Златан се упатил кон областа Вигоња во Виченца и тука ја убил Габриела со еден удар во задниот дел од главата.

Со телото во автомобилот, тој потоа пристигнал на улица Виголо и го чекал доаѓањето на неговата поранешна сопруга. Кога видел како Лидија Миљковиќ пристигнува, не се двоумел и ја застрелал убивајќи ја. Откако го завршил двојното убиство, тој потоа се упатил кон обиколницата Виченца каде со истиот пиштол си го одзел животот. Во автомобилот е пронајдено уште едно оружје, исто така од мал калибар, и повеќе муниција.

Убиецот активирал и граната за да се заштити додека бега. Експлозијата на бомбата, лансирана кон коловозот на автопатот кој оди паралелно со обиколницата, оштети и автомобил кој во тој момент минувал на автопатот А4. Возачот, не разбирајќи го веднаш потеклото на тој тресок, подоцна го нашол автомобилот со каросерија продупчена од шрапнели.

На 42-годишникот со српско потекло веќе му била изречена тригодишна забрана за приближување кон поранешната сопруга. Фото – фејсбук

Хроника на најавена смрт

„Човекот не е создаден за пораз. Човекот може да биде уништен, но никогаш да не се победи “. Или, , „честопати човекот страда неколку години, се смирува, ги поднесува најсуровите казни, а потоа паѓа на ситници, на некои глупости, речиси за ништо”. Ова се дел од цитатите кои убиец на две жени ги споделил на својот профил на социјалните мрежи.

Потврдите кои, во сознанието на она што се случи вчера и во комбинација со фактот дека Васиљевиќ веќе бил уапсен во 2019 година поради семејно малтретирање и закани, предизвикуваат сомнежи и контроверзи за она што се повеќе изгледа,  во ретроспектива, дека е хроника на една најавена смрт.
На 42-годишникот со српско потекло веќе му била изречена тригодишна забрана за приближување кон поранешната сопруга и обврска да се пријави во правосудната полиција. Поранешниот возач на камион, исто така, посетувал курс за рехабилитација во Виченца. Тоа бил курс за „превоспитување“ на насилници, а на крајот му бил издаден сертификат за учество на курсот кој се одвивал со помош на психолози и психоаналитичари. Според она што го објави „Кориере дел Венето“, со тој сертификат добил и  бенефиции во однос на казната отслужена во затвор по неговото апсење во 2019 година за малтретирање на неговата поранешна сопруга Лидија.

„Откако ја напушти ќелијата, беше укината и забраната за приближување“ – вели Даниел Мондело, партнерот на Лидија. „Би сакал судиите и асистентите да дојдат на погребот на Лидија и добро да го погледнат тој ковчег“, додаде тој во интервју за „Република“.

Во поднесените поплаки, жената раскажала за претрпените закани: „Ќе те убијам, ќе ти ги извадам  очите“, се само дел од фразите што тогашниот сопруг ги изговорил при една нивна жестока расправија.

Малтретирањата почнале уште од 2011 година. Омразата на Васиљевиќ кон Лидија била потенцирана со злоупотреба на алкохол и бил неспособен да се контролира дури и во присуство на малолетните деца, принудени да бидат сведоци на постојаното малтретирање на нивната мајка. Полицијата уште од 2019 година сметала дека можни се нови епизоди на насилство, уште повеќе поради неговото „отстранување“ од семејниот дом, но и поради тенденциите тој и понатаму да ја контролира Лидија (што ги покажувал осомничен), а тоа предизвикувало и веројатност случајот да ескалира во однос на сериозноста и да доведе до трагични последици.

Тому тоа и се случи.

Судијата кој нареди негово отстранување од домот наведе неколку епизоди на насилство: меѓу нив и кога Васиљевиќ ја фатил сопругата „за врат“ и „ја турнал кон фрижидерот во кујната и и се заканил со нож“. Месец дена подоцна, пијан, ја нападнал во кревет и ѝ го стегнал вратот „како да ја дави“.

Васиљвиќ завршил во затвор, а во декември 2019 година пристигнала наредба да немаат никаков контакт. Лидија пак, се преселила о друга град со децата по разделбата.

Во 2019 година, конечно била издадена забраната за приближување на насилникот. „Некое време беше болна – се сеќава работодавецот на Лидија – поради тепањата што ги претрпе, таа исто така беше хоспитализирана. Трагедијата то се случи беше најавена, како и сите трагедии од ваков вид “.

 

Слични објави

(Фото) Душко Тошиќ посетува колешка на Карлеуша: Јавно ја објави локацијата, се работи за популарна пејачка

Еспресо

По трагичната загуба на сопругот, Тајчи има нова љубов: Овој музичар го освои срцето на југословенската пејачка

Еспресо

Колку ќе заработат српските пејачи за Нова година? Чолиќ и Пријовиќ се рекордери, Драгана Мирковиќ ќе има нов стан, Рајовиќ куќа на планина

Еспресо

„Телото ме боли, очите ми се суви…“: Мелина се огласи по разводот со Харис Џиновиќ и шокираше со својата порака

Еспресо

Јелена Карлеуша за 72 часа лансира парфем и спрејови за тело: Ќе носат моќно име

Еспресо

(Видео) Порасна синчето на Марија Шерифовиќ: Малиот Марио прави хаос низ дома

Еспресо
Се вчитува....