3.8 C
Скопје
23:51 - 20 декември, 2024

Монументалниот предизвик на Килијан Марфи: За улогата во „Опенхајмер“ јадел само по неколку бадеми на ден

Вчеравечер, на доделувањето на најпрестижните филмски награди Оскар, убедлива победа понесе филмот „Опенхајмер“ на режисерот Кристофер Нолан, а во главна улога на Килијан Марфи. Меѓу Оскарите, тие ги зедоа и најважните – за најдобар филм, најдобра машка улога и за најдобар режисер.

Марфи со многу емоции ја прими наградата. „Направивме филм за човекот кој ја создаде атомската бомба и добро или лошо, сите живееме во светот на Опенхајмер. Затоа, навистина би сакал да им го посветам ова на миротворците – насекаде“, рече глумецот.

Но, зад овој неверојатен успех на филмот стои и херојската издржливост на еден актер кој студиозно, неуморно и со целосна посветеност се подготвува за својата улога.

Во Опенхајмер, Килијан го игра „таткото“ на атомската бомба, Џ. Роберт Опенхајмер, американски теоретски физичар кој учествуваше во проектот Менхетен, на почетокот на Втората светска војна, за време на кој беше развиено првото нуклеарно оружје.

На Марфи му биле потребни пет месеци да се подготви емоционално и физички за улогата. Ослабел драстично за да ги „отвори очите“ – тие да дојдат во преден план и да покаже дека Опенхајмер „никогаш не јадел“.

Во едно неодамнешно интервју, Килијан Марфи признава дека ја сакал физичката подготовка за улогата и дека иако било тешко, уживал во подготовката.

„Сакам да си играм со моето тело, а Опенхајмер имаше многу изразена физичка силуета што сакав правилно да ја пренесам преку улогата. Тој беше многу виток, речиси изнемоштен, живееше на мартини и цигари“ – открива глумецот за Њујорк Тајмс.

„Пред себе имаше таков монументален потфат. Можеше да јаде само по неколку бадеми на ден, и така секој ден. Беше толку исцрпен“, рече Блант за подготовката на Марфи за улогата.

Продорните „океански очи“ на Килијан Марфи на снимањето на филмот „Опенхајмер“, ги фасцинирале неговите колеги Мет Дејмон и Емили Блант, изјавија актерите во интервју за Пипл.

„Тоа е вистински проблем кога сте на сцената со Килијан. Понекогаш се чувствувате како да лебдите во неговите очи”, рече Дејмон.

Уште пред кастингот за филмот за избор на глумци, Килијан признал дека очајно сакал да ја добие главната улога во „Опенхајмер“.

„Отсекогаш сум му кажувал на Крис (режисерот Кристофер Нолан, н.з) јавно, како и приватно, дека ако сум слободен и ако сака да снимам филм за него, јас сум тука. Не ми беше гајле за големината на потфатот. Но длабоко во себе, тајно, очајно сакав да ја играм главната улога за него”, признава Килијан минатата година за Асошиејтед прес.

Во исто време, тој немал поим дека ќе игра во филмот додека Нолан не му се јави и му ја понуди улогата.

„Тој беше толку воздржан и скромен и на неговиот англиски начин, само рече: „Види, го напишав ова сценарио, се работи за Опенхајмер. Посакувам да бидеш мојот Опенхајмер“, додаде актерот.

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....