17.8 C
Скопје
13:35 - 14 март, 2026

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

Единаесетгодишно момче почина откако учествуваше во наводниот предизвик на Тик Ток наречен „хромирање“. Предизвикот, за жал, заврши трагично, соопшти неговото семејство.

Томи Ли Грејси Билингтон доживеал застој на срцето откако учествувал во опасен предизвик на Тик Ток насловен „хромирање“, кое го извел во домот на својот пријател.

„Хромирање“, познато и како дување или шмркнување, е вдишување на токсични хемикалии како што се боја, разредувач, аеросолни лименки, производи за чистење или бензин.

Портпаролот на Тик Ток изјави за „Мирор“ дека нема докази дека хромирањето е предизвик специфичен за Тик Ток или дека е во тренд на нивната платформа.

Кога се злоупотребуваат инхалаторите, тие влијаат на централниот нервен систем и ја забавуваат активноста на мозокот. Трендот може да доведе до нејасен говор, вртоглавица, халуцинации, гадење и дезориентација, но може да предизвика и срцев удар или задушување.

Починал веднаш откако ја поминал ноќта во куќата на пријател. Момчињата се обиделе со предизвикот Тик Ток наречен „хромирање“, поради што Томи-Ли доживеал срцев удар и веднаш умрел. Брзата помош се обидела со реанимација, но безуспешно.

Томи-Ли почина на 2 март, откако беше пронајден во несвест во куќата на пријател во британскиот град Ланкастер. Се претпоставува дека околу 12.30 часот доживеал срцев удар и итно бил пренесен во болница, но за жал болничарите не успеале да го спасат.

Неговото семејство апелираше до луѓето да ги гледаат своите деца, да не дозволуваат да ги следат слепите трендови и опасните предизвици, како и Тик Ток да влијае на своите корисници и содржината што се објавува.

принтскрин

 

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо
Се вчитува....