08:13 - 7 ноември, 2026

Моја последна и прва љубов: Ивона Јо емотивно за сопругот

​Пејачката Ивона Јо уште еднаш покажа дека ужива во секој заеднички момент со својот сопруг Кристијан Тодоров.

Овојпат, таа сподели моменти кои ја доловуваат нивната креативна и емотивна поврзаност.
​На социјалните мрежи, Ивона објави симпатична колаж-фотографија на која двајцата се фотографираат еден со друг. Додека Кристијан го користи својот професионален апарат за да го улови најубавиот кадар од својата сопруга, Ивона возвраќа со насмевка зад својот мобилен телефон.
​Она што дополнително ја зачини романтичната атмосфера е музичката подлога на објавата – култната песна на Тереза Кесовија, „Моја последна и прва љубов“ (Moja posljednja i prva ljubavi). Изборот на оваа песна јасно ја пренесува пораката за нивната силна љубов и приврзаност.

Фото/Инстаграм

Во февруари, еден месец по запросувањето, Ивона Јо се венча со саканиот Кристијан. На сликите кои ги објави тогаш, таа беше облечена во бело со букет од кали, а Кристијан во раката држеше извод од матична книга на венчаните.

„Веќе не се двајца, туку едно. Тоа што Бог го споил заедно, никој човек да не го раздели“, напиша пејачката тогаш.

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....