08:21 - 7 ноември, 2026

(Фото) Романтично запросување во Рим: Се сврши пејачот Мартинијан Кириловски

Пејачот Мартинијан Кириловски, на романтичен начин, во Рим ја побара раката на својата девојка Лара Денкови.  

Рим, познат како „Вечниот град“, беше совршената сценографија за овој романтичен чин. Мартинијан ја избра терасата на ексклузивен ресторан со директен поглед кон грандиозниот Колосеум за да го постави судбоносното прашање.

Меѓу фотографиите споделени на социјалните мрежи, е  и видеото со емотивниот момент кога пејачот клечи, додека неговата избраничка Лара, видно изненадена и преплавена со емоции, го прифаќа прстенот.

Фото/Инстаграм

Мартинијан е еден од најталентираните вокали на новата генерација во Македонија и регионот. Неговата кариера започна со учество во неколку домашни музички фестивали.

Мартинијан стана познат по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде стигна до самиот финиш и беше миленик на жирито, особено на неговата менторка Јелена Карлеуша. Тој е редовен учесник на „Макфест“ и на други фестивали.

Мартинијан не ја експонира многу својата приватност, па неговите следбеници пријатно се изненадија од свршувачката и многумина му честитаа за убавите вести.

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....