7.8 C
Скопје
22:40 - 31 март, 2026

Моето семејство е длабоко погодено: Шемса Шуљаковиќ искрено раскажа за маките

Пејачката Шемса Суљковиќ многу се налути и искрено кажа какво зло ѝ нанеле некои луѓе, а го повредиле и нејзиниото семејство. Во Фејсбук статус, фолк-пејачката која е од Босна и Херцеговина и има 72 годии, а пее повеќе од половина век, напиша:

-Сакам да обрнам внимание на некои пораки и коментари кои не само што се обидуваат да го оштетат мојот углед и 54 години кариера, туку и мене како личност – само затоа што сè уште пеам и настапувам. Ова не е само напад врз мојата работа, туку и врз целиот мој живот исполнет со напорна работа, љубов и страст.

Дали некогаш сте помислиле дека сум многу повеќе од пејачка? Јас сум мајка, баба, жена со семејство кое ме сака и е длабоко погодено од такви навреди и клетви. Мојот син, внук и внука, на кои им го посветив мојот живот, не заслужуваат да ги чувствуваат последиците од зборовите на другите луѓе.

Ваквите навреди се премногу силни и неправедни. Тие не можат да ме повредат лично, бидејќи знам дека не секој може да нè сака. Но, тие влијаат на моето семејство, и тоа е она што најмногу боли. Оние кои ме напаѓаат не знаат која сум или низ колку сум поминала.

Нема да возвратам со омраза, бидејќи тоа би значело да се спуштам на нивно ниво – а јас не го сакам тоа. Ќе продолжам да пеам и да ја живеам мојата страст сè додека можам, бидејќи тоа е тоа што сум, што го сакам и што ме одржува во живот.

Им благодарам на сите што ме разбираат, што стојат покрај мене и што беа дел од моето патување сите овие години“, напиша Шемса Суљаковиќ.

Шемса Суљаковиќ Фото/ Фејсбик принтскрин

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....