5.8 C
Скопје
08:05 - 27 октомври, 2026

(Фото+Видео) Модно усогласени Тарик и Лејла Филиповиќ прославија „полнолетство“: Опишаа како им поминале 18. години во брак

Тарик и Лејла Филиповиќ ја прославија 18. годишнината од бракот, а по тој повод позираа во усогласени модни комбинации и споделија забавен видео-запис на кој опишуваат како им поминале „полнолетните“ години во брак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Filipović (@lejla.filipovic)

Додека Лејла носеше комплет бело сако и панталони со бел џемпер, комбинирани со беж чанта и капут, Тарик носеше облека во исти бои – бел џемпер, карирани панталони и беж капут.

„Станавме полнолетни. Среќна ни 18. годишнина од бракот“, напиша Лејла покрај фотографиите на кои позираат насмеани.

Покрај фотографиите, тие споделија и забавен видео-запис на кој, задржувајќи сериозен израз на лицето, одговараат на прашањето како им поминале „првите 18 години“. Тие сериозно одговорија дека било „ок“, но на крајот експлодираа во смеа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Filipović (@lejla.filipovic)

Познатиот ТВ водител и актер и поранешната мис на Хрватска важат за еден од најскладните парови, а се венчале на 31 декември 2007 година.

Честитајќи ѝ на сопругата годишнина пред неколку години, Тарик се присети:

„Рековме „ДА“ пред толку години, неколку часа пред Нова 2008. Реков „да“, а помислив – ги земам … и доброто и лошото, среќата и тажни моменти, солзи и смеа …“.

За потсетување, парот наскоро по венчавката доби син Арман, а Лејла од првиот брак има и син Дина, кој го доби со поранешниот тенисер Дадо Мајоли.

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.
Се вчитува....