-0.2 C
Скопје
00:45 - 19 декември, 2024

Мистеријата на руската милионерка: Пред пред пет години живеела во стан во кој тушот бил во кујната, а сега има милиони во банка

Русинката која се капе во луксуз и милиони, кои наводно ги заработила за само пет години, се вика Полина Ниоли Пушкарева. Парите што ги има не ги наследила, не и биле ни подарени, а се занимава со водење социјални мрежи за богати клиенти, манекенство, глума, и секако, таа е инфлуенсерка.

Како што самата пишуваше во 2017 година, претходно немала ништо, работела во смени од по 12 часа во ресторан за брза храна во Русија, живеела со мајка ѝ и брат ѝ во мал стан во кој тушот бил во кујната, а на тоалетната школка немало даска. Тогаш решила да смени нешто, па дала отказ во ресторанот и почнала да ги води социјалните мрежи на некој козметички салон во Русија. Таму, како што раскажува во едно видео, имала шеф кој ја понижувал и ѝ зборувал дека на 20 години е премлада за да има свое мислење. Тогаш „одлучила да основа компанија во која ќе се цени креативноста“.

Како што открива во видеото на TикTок, нејзиното поранешно момче ја оставило, со изговор дека му треба повеќе време да се фокусирана кариерата. На тоа видео, Полина во мини фустан и високи потпетици се симнува по скалите и вели: „Она кога дечко ти раскинува затоа што сака да се фокусира на кариерата, а ти одиш на состанок со сопственикот на компанијата каде што работи“.

@polina.nioly♬ Sands – Lethilda

После тоа видео, следбениците ја прашуваа дали оваа тактика е всушност скриен начин да се најде богат дечко или сопруг.

„Драги мои, имам милиони и компанија со повеќе од стотина вработени. Мислите дека треба да излегувам со некој што е полош од мене? Не, благодарам“, одговори таа.

Сепак, околу Полина сè уште лебди мистерија. За многумина нешто е сомнително околу приказната за 26-годишната Русинка која има речиси милион и пол следбеници на Инстаграм и милиони во банка. Има и такви кои ја нарекуваат новата Ана Делви, руската измамничка која се преправаше дека е богата наследничка и за која Нетфликс ја сними хит серијата „Измислувањето на Ана“.

Она што се знае за неа е она што таа одлучува дека сака да го покаже на нејзините социјални канали. Во својата биографија таа се дефинира себеси како: „Филмска продуцентка, милионерка и имигрантка во Њујорк“, додавајќи дека нејзиниот инстаграм-профил ќе може да ги промени животите на оние кои ја следат, благодарение на неговата силно мотивациска содржина. А сепак, и покрај нејзиниот навидум совршен живот, некои прашања остануваат неодговорени, како што се оние поврзани со нејзината работа во светот на кинематографијата, и покрај нејзиното учество на некои значајни фестивали како што беше минатогодишниот Кански фестивал.

Токму поради нецелосните информации за нејзината биографија и професионалната кариера, кружат гласини за хипотетичка измама што ќе ја изврши Полина. Во своите објави таа изјавува дека всушност потекнува од скромно семејство, но дека благодарение на нејзината продуцентска активност ќе може да акумулира огромно богатство.

На Редит има многу приказни за неа, во кои луѓето шпекулираат дали Полина е измамничка или вистинска успешна деловна жена. Според некои сведоштва, таа на своите следбеници на социјалните мрежи им продава курсеви за успех и тоа за многу пари.

Во едно од неодамнешните видеа, Полина вели дека моментално има богатство од осум милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Polina Nioly Pushkareva (@nioly)

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....