8.8 C
Скопје
11:12 - 1 април, 2026

МИШО КОВАЧ ПОВТОРНО ХОСПИТАЛИЗИРАН: Му се влошила здравствената состојба!

мишо ковач

Хрватскиот музичар Мишо Ковач повторно е примен во сплитската болница, откако во вчера, вторник, беше пуштен на домашно лекување, пренесува „Далмација данас“.

Мишо во вторникот беше пуштен на домашно лекување, но синоќа повторно бил хоспитализиран. Му се зголемила температурата, па состојбата ќе ја следат во болница.

МИШО КОВАЧ И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУСОТ: Пејачот бил приклучен и на кислородна поддршка

Да потсетиме, Мишо е позитивен на коронавирусот, а заразени биле и неговата сопруга Лидија и ќерката Ивана. Потоа завршил во болница, бил ставен на кислородна поддршка, му се подобрило здравјето, па бил пуштен на домашно лекување.

Инаку, Мишо Ковач на крајот на минатиот месец бил примен на Одделот за пулмологија на Клиничкиот болнички центар Сплит, а лекарите се сомневале на пневмонија.

„Мојот Мишо беше примен на Одделот за пулмологија во Универзитетскиот болнички центар Сплит пред неколку дена со дијагноза сомнителна пневмонија, која подоцна се покажа дека не е вистина, па затоа со радост можам да потврдам дека Мишо нема пневмонија. Тој се чувствува добро и по антибиотската терапија ќе биде пуштен дома“, изјави тогаш неговата сопруга Лидија.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....