16:01 - 7 ноември, 2026

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина бара забрана за концертот на Јелена Карлеуша во Сараево

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, најави дека ќе побара забрана за концертот на српската пејачка Јелена Карлеуша, кој е закажан за 8 август во клуб во Сараево.

Конаковиќ својата реакција ја објави на социјалните мрежи, каде што наведе дека ќе се обрати до Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево со барање концертот да биде забранет.

„Ќе побарам од Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево, во согласност со Законот за јавно собирање, да го забрани овој концерт, бидејќи станува збор за личност чии настапи предизвикуваат национална и верска омраза“, напиша Конаковиќ.

Тој додаде дека смета дека има обврска јавно да реагира на, како што наведе, појави кои, според него, придонесуваат за релативизирање на негирањето на геноцидот и за навреда на жртвите.

„И немојте да велите дека ова не е работа на министер за надворешни работи и дека не треба да се спуштам на тоа ниво. Реагирам на појава со која на негирачите на геноцидот им се простува и им се дозволува и понатаму да нè понижуваат. Реагирам на обид таквото однесување да стане нормално“, изјави Конаковиќ.

Во продолжение порача дека не сака никој да го навредува неговиот народ и страдањата низ кои поминал.

„Реагирам за сите оние што постапуваат на ист начин да сфатат дека со нас така не можат. Реагирам затоа што не сакам некој да го понижува и навредува мојот народ и нашето страдање“, додаде тој.

Претходни несогласувања

Ова не е првпат Конаковиќ јавно да ја критикува Карлеуша. Во април годинава тој ја прозва пејачката поради нејзините ставови за Сребреница, по што таа му возврати преку социјалните мрежи.

Во својата реакција, Карлеуша го обвини Конаковиќ за ширење омраза и порача дека на Босна и Херцеговина ѝ се потребни економски развој, инвестиции, подобра инфраструктура и повисок животен стандард, наместо политички конфликти и поделби.

Таа истакна дека политичарите треба да работат на подобрување на животот на граѓаните, а не да се занимаваат со иницијативи насочени против музички изведувачи.

Најавениот концерт во Сараево засега останува во програмата, а останува да се види дали надлежните институции ќе постапат по барањето на Конаковиќ.

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....