Водителката Мина Амиџиќ, сопруга на познатиот водител Огњен Амиџиќ, одговараше на прашања од следбениците на социјалните мрежи и откри интересни детали од својот приватен живот.
На прашањето каде го запознала Огњен, таа откри дека нивната прва средба се случила во неговото музичко студио, каде што дошла за да разговараат за работа.
Како што објасни, во тој период имала неколку деловни понуди, но на крај се одлучила токму за неговата емисија.

Со доза хумор, таа додаде дека поради таа одлука „се зезнала“, што го проследи со смеа.
Сепак, Мина веднаш појасни дека станува збор за шега и нагласи дека би ја донела истата одлука повторно.
„Се шегувам. Сè би направила исто. Тој беше најхаризматичниот човек што сум го сретнала. Кога Огњен нешто сака, тој тоа и го добива. Тоа ќе ви го потврди секој што го познава“, напиша Мина.
