-1.2 C
Скопје
06:38 - 11 март, 2026

Милош Биковиќ: „Не би рекол дека ПУТИН СЕ РАЗБУДИЛ ЕДНО УТРО И РЕШИЛ ДА УБИВА УКРАИНСКИ ДЕЦА“

Познато е дека српскиот актер е популарен во Русија последниве седум години и дека веќе некое време живее на релација Србија-Русија. Како гостин во српската ТВ Прва тој зборуваше за неговиот нов филм „Сакам маж“, но и за војната во Украина.

„Филмот „Сакам маж“ излезе на почетокот на случувањата во Украина, немав среќа. Реакциите се одлични, но атмосферата не е толку пријатна за луѓето да одат во кино како порано“, изјави Милош Биковиќ, пренесува б92.

„Филмот и без тоа немаше да се прикажува во Париз и Берлин, и тогаш постоеше некаков анимозитет кон Русите, но сега кулминираше. Оди до таму што Достоевски и Чајковски се отстрануваат од репертоарите, мислам дека тоа е бесмислено, мислам дека е опасно за целиот свет“, рече актерот.

„Војна не се води само со оружје, туку и со информации. Штом некој ќе ве замоли веднаш да се изјасните, тогаш се користат и информации“, рече тој и додаде: „Не сакам да давам поедноставени одговори на ова прашање, како „Да, Путин едно утро се разбуди полуден и одлучи да убива украински деца.“

Тој конфликт трае веќе осум години. Совршено ми е јасно, јас самиот бев жртва на пропаганда, бомбардирање, сите бевме. Но, истовремено преку таа пропаганда бевме и агресори. Бевме и агресори, и не бомбардираа, зашто едноставно немавме средства да се заштитиме. Одамна се збогувавме со меѓународното право, прашањето сега е кој кого и на кој начин го повредува за заштита на своите интереси“, рече Биковиќ.

„Ова е невидена хајка во историјата, се укинуваат Достоевски и Чајковски, луѓе што се мртви 200 години. Мислам дека тоа е опасно за сите“, смета актерот.

Тој зборуваше и за влијанието на војната врз културата и уметноста. „Културата и уметноста се единствените што можат да го поврзат целиот свет. Дури и кога има воена состојба, сепак можете да се поврзете со човекот зад ровот со нешто што сите го разбираме и го доживуваме“, рече тој.

 

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....