34.8 C
Скопје
16:23 - 10 септември, 2026

Милијардерот Илон Маск од афера во афера, и (пак) негира: Сопругата на Брин „ја видов два пати во живот и тоа во друштво“

Илон Маск негираше дека имал афера со сопругата на Сергеј Брин, откако Wall Street Journal објави дека аферата го поттикнала ко-основачот на Google да ги продаде своите инвестиции во компаниите на Маск.

Маск, ко-основачот на Tesla Inc., имал наводна афера на почетокот на декември во Мајами со сопругата на Брин, Никол Шанахан, објави Вол Стрит Журнал, цитирајќи анонимни извори запознаени со ова прашање. Ова стави крај на долгогодишното пријателство помеѓу Маск (51) и Брин, кој му помогна на производителот на електрични автомобили за време на финансиската криза во 2008 година. Брин (48) поднесе барање за развод од Шанахан во јануари.

Во објава на Твитер, каде има повеќе од 100 милиони следбеници, Маск рече дека приказната на Вол Стрит Журнал е невистинита. Маск рече дека ја видел сопругата на Брин двапати во три години, двата пати во присуство на други луѓе и дека меѓу нив немало „ништо романтично“. Маск изјави и дека се уште е пријател со Брин.

Брин им наложил на своите советници да ги продадат личните инвестиции во компаниите на Маск во последните месеци, откако дознал дека тој имал кратка афера со неговата сопруга, според Вол Стрит Журнал, пренесува „србија данас“.

Не е позната висината на личните инвестиции на Брин во компаниите на Маск, а не е ниту јасно дали имало продажба.

Наводната афера е најнова во низата откритија за личниот живот на Маск. Претходно преку медиумите се дозна дека тој добил близнаци од директорка во неговата комапнија Неуралинк. Потоа се откри и дека друга негова компанија, SpaceX, платила на вработена 250.000 долари за да ја откаже тужбата дека Маск сексуално ја вознемирувал во 2016 година, пишува Инсајдер. Маск тогаш рече дека обвинувањата се „целосно лажни“ и се дизајнирани да го попречат неговото купување на Твитер, договор од кој сега се обидува да излезе.

Брин и Шанахан моментално преговараат за спогодбен развод, при што Шанахан бара повеќе од 1 милијарда долари, според Вол Стрит Журнал, иако постои предбрачен договор.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Современи техники за тонзилектомија

apostolova

(Фото) Вељко ја покажа Богдана без шминка и филтер: Во сино бикини блесна на Кипар, а тој ги покажа мускулите

Еспресо

(Фото) Дора, сестрата на Тоше Проески, сподели ретка семејна приказна со синовите Кристијан и Никола

Еспресо

Лепа Брена откри какви автомобили има: „Еден ми е само за на пазар“

Еспресо

Мартин Вучиќ по долго време се појави во јавноста со приватна приказна

Еспресо

Експертите препорачуваат неколку практични совети кои секојдневно можете да ги применувате ако имате низок притисок

Еспресо
Се вчитува....