5.8 C
Скопје
05:38 - 1 април, 2026

Милан Станковиќ барал лек за тешка болест на Света Гора: Се обратил на Бог поради една личност

Животот на српскиот пејач Милан Станковиќ по одлуката да ја напушти сцената и да најде утеха и сигурност во манастирот ја заинтригира јавноста уште повеќе отколку во периодот кога тој блескаше и жареше на настапите низ земјава и регионот.

И додека сите се прашуваат која била главната причина, извор за српските медиуми открива нови детали за драмата и агонијата што ја имаше пејачот на приватен план во претходниот период.

Како што дознава „Курир“, за време и веднаш по пандемијата на коронавирус, Милан се борел за здравјето на својата мајка, за која е исклучително приврзан. Долго време страдала од тешка болест, а пејачкот на секој начин се трудел да ѝ помогне. Така, со помош на своите пријатели стапил во контакт со врвни специјалисти, кои ја дале својата дијагноза и препишале терапија, на која мајката на Милан редовно одела, но резултатите сепак не биле добри, ниту охрабрувачки…

Заедно со битката за здравјето на најважната личност во неговиот живот, Милан почнал сè повеќе да чита молитви и духовна литература, а потоа да оди во манастирот Подмајне, каде што престојувал неколку месеци непрекинато. Таму секој ден се молел за нејзиното здравје и исцелување на душата и телото, а кога се укажала прилика, Милан дошол од манастирот и ја одвел во светилиштето за постојано да биде покрај неа.

Мајката на Милан поминала околу еден месец во манастирот кај Будва, а за тоа време монасите редовно ги читале нејзините молитви и ја помазувале со свето масло. Редовно присуствувала на богослужбите во манастирската црква, а веќе по неколку недели, а врз основа на нејзиниот физички изглед, можело да се види дека овој престој во светилиштето, заедно со медитеранската клима и близината на морето, биле исклучително пријатени за неа.

По враќањето од манастирот, Милан со мајка си отишол на редовна здравствена контрола, каде што им било кажано дека болеста целосно стивнала, па и самите лекари биле шокирани од ваквиот развој на настаните. И покрај тоа што лекарите биле изненадени, двајцата тоа го сфатиле како своевидно чудо, што се случило поради нејзиниот престој во светилиштето и читањето многубројни молитви за здравје. Дополнително, тие се увериле дека ова исцеление настанало поради помазанието со осветено масло, кое се користи во светата тајна осветување, а со кое болните се помазани во црквата со векови.

Сето тоа беше знак од Бога до Милан дека треба да го помине остатокот од својот живот во овој манастир и дека само така може да му се заблагодари за чудесното исцелување на неговата мајка, која секогаш му била најголема поддршка и пример во животот. .

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....