16:18 - 30 јануари, 2026

Мицкоски никогаш нема да излезе од тендер матрицата – Арсовска без влакно на јазикот одговори на советнички прашања

Каде е шпицниот градоначалник, не го гледам тука? Каде се крие Мицкоски? Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни, храбри луѓе. Мицкоски за жал не е еден од тие и од тендер матрицата нема никогаш да излезе, одговори градоначалничката Данела Арсовска на прашање на  Луке Галевски, советник од ВМРО – ДМПНЕ на денешната седница на градскиот Совет.

Расправијата на седницата беше поттикната во врска со прашања за тендерот за пречистителна станица вреден 160 милиони евра. Токму поради оваа јавна набавка Арсовска го разреши директорот на „Водовод и канализација“, Златко Перински и генералниот секретар Ѓоко Велковски, кој пак тврди дека сам поднел оставка затоа што немал соработка со Арсовска и се разочарал во работата на градоначалничката.

Советникот Галески на денешната седница рече дека Арсовска побарала смена на Комисијата за евалуација на понудите за проектот за пречистителна станица, еден месец пред да го разреши Перински и дека на тој начин вршела влијание во тендерската постапка. Во контекст на ова, советникот праша зошто чекала месец и половина за да го разреши?

Советникот Галевски ја праша Арсовска и дали има каква било поврзаност со Акрем Керим,  сопственик на фирма од Турција која учествувала на тендерот за прочистителна станица со 20 милиони евра пониска понуда. Советникот покажа фотографија од лице кое наводно, како што рече,  бил посредник на турската компанија која учествува на тендерот.

– Откако ви го фатив директорот со рачете во медот одеднаш не чинам, а до вчера бев најдобар градоначалник. За спорниот тендер има кој да одговори. Јас ќе си продолжам по патот на правдата, ама Мицкоски од тендер матицата нема никогаш да излезе. Кога ги фативме директорчињата на Мицкоски со рацете во медот од тогаш јас не чинам, одговори Арсовска.

Градоначалничката праша каде се крие Мицкоски и побара оставка од него.

– Мицкоски да не се крие. Да се бореше со власта, да се бореше против спорните договори како што се бори овие три-четири дена со мене, ќе ја спасеше Македонија, рече Арсовска, додавајќи дека ако сака Мицкоски да зборува за оставки, треба да почне од себеси.

Таа си замина по паузата, а на другите советнички прашања рече дека ќе одговори написмено.

 

 

Слични објави

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо
Се вчитува....