18:41 - 6 ноември, 2026

„Ми велеше дека никој не би ме сакал да не се омажев за него“: Сузана Манчиќ проговори за првиот брак кој ја довел до депресија

Сузана Манчиќ денес е во брак со Гркот Симеон Окомокос, а претходно била во брак со Небојша Куниќ, со кого има две ќерки.

Сузана своевремено раскажала дека љубовта помеѓу неа и Небојша се родила од големо пријателство. Судбоносното „да“ му го кажала во 1989 година.

Нивната среќа, сепак, не траела долго. По само осум години брак, Сузана и Небојша се развеле.

За време на бракот, Сузана ја занемарила својата кариера за да му удоволи на сопругот, кој во тој период започнал приватен бизнис.

„Се омажив од голема љубов, но љубовта е расиплива стока, лесно исчезнува“, изјавила Сузана еднаш и открила дека првиот сопруг ја омаловажувал, велејќи ѝ дека никој не би ја сакал ако не се омажела за него.

Тогаш, како што раскажала, се борела со депресија и голема битка за самодоверба.

По разводот, ја пронашла љубовта со Гркот Симеон Окомокос, со кого поминала 18 години, пишува Нова.рс.

Слични објави

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.
Се вчитува....