16.8 C
Скопје
15:51 - 10 март, 2026

„Ми се дереше доцна навечер“: Сергеј Варошлија откри приказна за менаџерката на Тоше

„Љиља Петровиќ мене ми се дереше“, рече стилистот Сергеј Варошлија кој раскажа искрена приказна за Тоше Проески и за неговата менаџерка која досега не е објавена во јавноста.

Гостувајќи во поткастот на Стефан Лазаров, Варошлија рече дека Тоше, кој на почетокот од кариерата бил еден чист талент и го интересирало само пеење, наишол на многу критики.

– Никој не го третираше сериозно. Беше младо дете од Крушево коешто немаше никаков допир со естрадата туку имаше само онака чист талент. И на почетокот многу го критикуваа и многу го исмејуваа.

Мене не ми ни беше јасен хајпот околу Тоше. Зошто од една страна луѓето се хајпнати, а од друга страна има критики, ваков е, таков е, лошо изгледа, затоа што Тоше немаше некаков си изграден имиџ.

Јас имам многу непријатна случка со Љиља и со Тоше. Љиља Петровиќ така ми се има дерено мене по телефон. Доаѓа кај мене во салон Селма Бајрами и ми вика дека има многу голема желба да го запознае Тоше.

Му се јавив, му реков дека сум со Селма Бајрами, сака да те види буквално на 5 минути. „Само да завршам со јадење, пред да одам за Крушево ќе поминам“. Излегоа, се поздравија, се запознаа, тоа траеше две-три минути.

Вечерта или утредента, мене ноќе јасно, во 11 часот ми ѕвони Љиља. Нема „добровечер, како си“, со дерење од таму.

„Ти дали си нормален? Како ти го запознаваш Тоше да се сретне со Селма Бајрами на јавно место, тоа не смее така“ – рече стилистот и додаде дека менаџераката Петровиќ добро го менаџирала и го чувала Тоше.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо
Се вчитува....