02:20 - 2 ноември, 2026

(Фото) „Ми прпа, одам на интервенција, ако имам модринки да знаете“: Миа Костова се исплаши за здравјето

Миа Костова откри дека в понеделник ќе оди на лекарска интервенција и дека се плаши, како што кажа во видеото на нејзината инстаграм-приказна.

– В понеделник ќе имам мала интервенција. Да не ве плашам не е ништо страшно, нема да кажам операција, туку е интервенција – рече инфлуенсерката.

Потоа рече дека интервенцијата ќе ја работи професионалец и додаде:

– Нему не му е првпат, а мене ми е „малку прпа“. Знам како сето тоа ќе тече, локална анестезија и ќе биде брзо. Но, да најавам, чисто ако имате ваков проблем, ќе пробам јас за вас па ќе ви кажам како сум поминала. Во случај да имам нешто модринки, да знаете за што се работи – рече Миа.

Станува збор за интервенција на очните капаци на кои ѝ се појавил проблем неодамна.

Фото / Инстаграм

Во новата инстаграм-приказна таа објави фотографија од себе и од својот син Андрија кога бил бебе. Синот, кој е голема гордост на Миа, е веќе тинејџер. Тој сега има 13 години.

Фото / Инстаграм

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....