3.8 C
Скопје
06:13 - 21 декември, 2024

„Ми бебито фиу фиу“: Како секс скандалот на претседателот на Перу со познатата љубовница стана хит песна што го обиколи светот

Дваесет и пет години по скандалот Клинтон-Левински, ако еден претседател има љубовница, повеќе нема потреба (само) од папараци, туку социјалните мрежи го земаат лавовскиот дел. Ваков е  случајот со поранешниот претседател на Перу, Мартин Вискара, чии разговори на WhatsApp со наводната љубовница Зули Пинчи Рамирез – првпат откриени од неговата сопруга – станаа вирални на Јутјуб, Спотифај и ТикТок, станувајќи вистински тренд на моментот.

На мелодијата „Mi bebito fiu fiu“, наместо оригиналниот текст, се наоѓаат токму муабетите помеѓу Визкара и љубовницата. Инаку песната беше на прво место меѓу најслушаните песни на Спотифај, а хитот беше продуциран од младиот перуански композитор Алберто Силва Рејес, попознат како Тито Силва Мјузик, но потоа стана вирален дури и надвор од неговата земја на потекло.

На сликите што ги објави сопругата на претседателот, се читаат следните пораки. „Те сакам. Треба да те гушнам. Ти не знаеш колку ми недостигаш. Ти си моето бебе. Ти си мојот крал“, пишува во пораката што ѝ се припишува на неа, политичарка и писателка. „Те сакам, се гледаме подоцна“, одговара тој со смирувачки тон. Во друга порака, таа одговара на селфито на екс претседателот со „Фиу фиу’, ономатопејски израз за да укаже на свиреж на благодарност (нешто слично на разговорното повикување на мачка). И повторно, слатки фрази како што се: „Земи ме како торнадо“ и „Завиткај ме како пиононо (типичен јужноамерикански десерт – ролат)“.

принтскрин

Инаку, седумнаесет дена откако Силва ја прикачи песната на својот канал на Јутјуб , песната стигна до стратосферата на ТикТок,  бидејќи милиони корисници го рецитираа нејзиниот рефрен во свои препеви.

Во светот на латино музиката, мегаѕвездата Бад Бани ја рецитираше на Инстаграм Лајв.

Платформите за стриминг како Нетфликс, Амазон Парјм и HBO Max ја користеа сега познатата фраза „Mi baby fiu fiu“ за да промовираат емисии.

На Спотифај, песната го достигна врвот на 50-те вирални песни на платформата за стриминг пред да биде повлечена.

Оригиналното видео поставено од Силва исто така е отстрането од неговиот Јутјуб, но бројните видеа со текстови што остануваат поставени имаат стотици илјади и милиони прегледи.

Како одговор на наводите за афера во мај, и Вискара и Пинчи негираа каква било романтична врска.

„За мене најважно е моето семејство кое го формирав со сопругата која ја сакам и со која сакам да живеам до последниот мој ден“, изјави Вискара.

Таа фраза е вклучена и во песната на Силва.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....