10.8 C
Скопје
00:00 - 4 април, 2026

Метју Пери ја опишува средбата со Бога кога бил на дното: „Светлината ја обли целата соба додека клечев и молев…“

Својата борба со пороците американскиот актер детално ја опиша во својата автобиографска книга.

Во автобиографијата на Метју Пери „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“, актерот, меѓу другото, ja опишува и средбата со Бога.

Имено, тој во своите мемоари детално пишува за сите 14 престои на рехабилитација, 15 операции на желудникот и повеќе од 60 обиди за детоксикација.

Сепак, најмоќниот впечаток е кога Пери, откако го допрел дното, очајно посегнува по молитвата.

– Боже, те молам помогни ми! Покажи ми дека си тука. Боже, помогни ми, шепнав – пишува тој во автобиографијата, и продолжува:

– Додека клечев, светлината полека почна да расте и стануваше се поголема и поголема, додека не стана толку голема што ја опфати целата соба… Што се случува?! И зошто почнав да се чувствувам подобро? Почнав да плачам. Мислам, навистина почнав да плачам – тоа неконтролирано тресење на рамениците. Не плачев затоа што бев тажен. Плачев затоа што за прв пат во животот се чувствував добро. Се чувствував безбедно, згрижено. Деценија борба со Бога, борење со животот и тага, сè беше одеднаш измиено, како река од болка, отиде во заборав. Бев во присуство на Бога. Бев сигурен во тоа. И овој пат се молев за вистинската работа: “За помош!”, пишува Пери.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....