10.8 C
Скопје
20:16 - 24 март, 2026

„Месечината ќе те чува како мајка“: Тамара со срцепарателна објава за Панчо

Тамара Тодевска сподели срцепарателна приказна за својот пријател, Владимир Блажев-Панчо, кој почина на 14 октоври лани, како последица од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“, на 16 март лани.

Поп-пејачката беше многу блиска со Панчо, и имаа снимено и дует. Кога почина, таа напиша дека овој свет не бил доволен за неговата добрина.

Фото/Инстаграм

Тамара сподели обава од инстаграм страницата на која Панчо е со мало девојче на негов настап, а до објавата пишува:

„Врз облаци зачекори, на меко и чисто да газиш, тука долу тиња е, загнасено и матно. Таму горе, до сонцето поблиску ќе бидеш, ќе те гали и грее, и патот светол секогаш ќе ти биде.

А кога сонцето ќе зајде, не грижи се, месечината ќе те чува, ќе те гушка и гали, како мајка што најнежно на чедо свое тоа го прави. И верувам, таму горе над облаците, кај сонцето и месечината,
помеѓу ѕвездите, таму каде и ти сега си ѕвезда сјајна, таму е поубаво и почисто, безгрижно и бајковито, оти злото не знае да лета, а и да знае, од Бога се плаши и горе не би отишло,
тоа тука на дното се гуши, и тука долу сонот го руши“.

Ова се стихови од поетот Марко Виденовиќ, а песната се вика „Таму горе“.

Слични објави

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо

Како Борис Дворник ја измамил сопругата за да се заљуби во него

Еспресо

Ана Радуловиќ се разболела по разводот, има неколку дијагнози: „Пијам лекови наутро и навечер“

Еспресо

(Видео) „Можеби оваа тага ќе престане“: Пејачката објави емотивно видео од Зорица Брунцлик, се моли за нејзиното здравје

Еспресо
Се вчитува....