12:48 - 9 јануари, 2026

Мерилин Монро била во љубовен триаголник со двајца познати мажи? Еве што е познато за романсата која деновиве ја интригира јавноста

Животот на Мерилин Монро продолжува да ја фасцинира јавноста и 60 години по нејзината трагична смрт.

Сега таа е повторно во центарот на вниманието благодарение на биографскиот филм „Blonde“ кој се емитува на Нетфликс, а е заснован на историскиот роман на Џојс Керол Оутс.

Мерилин на екранот беше отелотворена од кубанската актерка Ана де Армас, а филмот прикажува некои од романтичните врски на легендарната русокоса, вклучувајќи и една со двајца мажи.

Имено, дејството на филмот укажува на тоа дека Монро била во романтична врска со синот на познатиот комичар Чарли Чаплин, Чарли „Кас“ Чаплин Јуниор и синот на актерот Едвард Г.Робинсон, Еди Робинсон Јуниор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Monroe (@marilynmonroe)

Важно е да се истакне дека овој дел од филмот не се базира на факти, што не им се допадна на некои критичари, но сега сите ги интересира дали споменатите личности навистина биле во врска.

Постојат уште неколку докази кои сугерираат дека Мерилин била во врска со двајцата.

Авторот Ентони Самерс во биографијата на актерката „Божица: Тајните животи на Мерилин Монро“, наведува дека Чаплин Јуниор ја донел Мерилин на семеен ручек во 1947 година, а тој самиот зборувал за нивната врска во биографијата „Мојот татко, Чарли Чаплин“. .

Постариот Чаплин наводно бил голем обожавател на Мерилин, но го предупредил својот син да не се впушта во врска со неа.

-Не се вљубувај сѐ уште. Прво треба да се погрижиш за своето образование, се сеќава Кас на зборовите на неговиот татко, но Самерс тврди дека не го слушал и дека со месеци бил маѓепсан од Мерилин.

Близок пријател на Кас откри и дека Мерилин често преспивала кај него, и тоа во собата што ја делел со неговиот брат. Самерс наведува дека нивната врска по некое време завршила, но тие останале во пријателски односи.

Што се однесува до Еди Робинсон Јуниор, наводно со него ја запознал токму Чаплин Јуниор. Самерс во својата книга пишува дека Мерилин и Еди имале кратка врска, но не во исто време кога таа се гледала со Кас. Интересно е тоа што Мерилин е осум години постара од Еди Јуниор, а наводно се гледале кога тој имал 19, а таа 27 години.

Иако филмот го прикажува ова како нешто што навистина се случило, нема докази дека Мерилин била во врска со двајца мажи истовремено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Monroe (@marilynmonroe)

Слични објави

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо

(Видео) Му пеела пред да почине: Калиопи откри интимна приказна

msp-admin

(Фото) Полугола и мокра, Маја Шупут во сензуална прегратка на Шиме

Еспресо

(Видео) За неа тоа беше шокантно: Каролина раскажа што ѝ се случи во Јапонија

msp-admin

(Видео) Дарко Лазиќ повторно шокираше: Пејачот врза санки за автомобилот, па ги влечеше децата

Еспресо

Ова е сестрата на Панчо, нејзината посвета за покојниот брат ќе ве расплаче

msp-admin
Се вчитува....