16:26 - 18 август, 2026

Мемоарите на Бритни Спирс ќе го потресат светот: Конечно ќе ја раскаже својата животна приказна

Бритни потпиша договор со издавачката куќа вреден 15 милиони фунти.

На почетокот на минатата година беше објавено дека Бритни Спирс планира да објави мемоари во кои конечно ќе ја раскаже „својата животна приказна од нејзина гледна точка“. Како што пренесуваат светските медиуми, книгата е речиси готова и наскоро би можела да се најде во книжарниците ширум светот, прогнозите се дека тоа ќе биде наесен, пренесува Page Six.

Бритни Спирс ги завршува брутално искрените мемоари и ќе го потресе светот, вели извор кој е запознаен со содржината на книгата.

– Книгата на Бритни е приказна за триумф. Ќе ги опфати нејзините најранливи моменти, нејзиното детство, кога беше девојка со големи соништа, раскинувањето со Џастин Тимберлејк , моментот кога ја избричи главата и нејзината борба со семејството кое до неодамна го имаше старателството над неа – рече изворот за споменатиот медиум и додаде дека се подготвува да го потресе светот.

– Таа тотално победува на овие страници. Оваа книга ќе го… потресе светот! – нагласува истиот извор.

Бритни потпишала договор со издавачката куќа вреден 15 милиони фунти, ексклузивно пренесува Page Six. Самата Спирс навести на социјалните мрежи дека сака оваа книга да ја прикаже како преживеана.

– Вљубена сум во животот што го изградив за себе. Би требало да бидам, после сета напорна работа што ја имав за да се ослободам од контролата на татко ми. Оваа новооткриена независност ми дава сила секој ден и способност да останам фокусирана, бестрашн аи искрено да бидам само добар човек“, беше искрена Спирс во неодамнешната објава на Инстаграм.

– Немам семејство кое ме цени или почитува… Воопшто. Тоа е најтешкиот дел за мене, тоа е нешто што веројатно никогаш нема да го преболам. Кога пишува, за тие моменти, сакам само да зборувам од срце бидејќи ми е исклучително тешко. Напишав три различни верзии на мојата книга и имав многу терапија низ процесот“, рече Спирс.

Слични објави

(Фото) „Фала ти за сè, мир Божји“: Зои Блаж со сопругот Тадеј и ќеркичката Мариа го посети Острог

Еспресо

(Фото) Мајка и ќерка на заедничко патување – Ѓина Џиновиќ и Мелина уживаат во луксуз на Миконос

Еспресо

Ивона Јо искрено: „Дел од фамилијата не ми зборува зашто се омажив пред да помине една година од смртта на тато“

Еспресо

Урнебесен одговор на Ен Хатавеј на прашањето дали чека момче или девојче

apostolova

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.
Се вчитува....