6.8 C
Скопје
09:33 - 1 април, 2026

Меган Маркл и Хари се враќаат во Англија, еве ја причината

меган маркл, принц хари

Последниот пат на посетата на Лондон предвреме ја напуштија престолнината на Велика Британија и тоа со мрачни лица, но Меган и Хари веќе имаат ново изненадување за сите!

Меган Маркл и принцот Хари го најавија своето претстојно пристигнување во Велика Британија, а веста ја потврди и нивниот портпарол.

Принцот Хари и Меган Маркл следниот месец ќе ја посетат Велика Британија за прв пат по прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, кој го напуштија предвреме, за да присуствуваат на два добротворни настани.

Според Дејли Мејл , двојката ќе отпатува во Манчестер на One Young World Summit, настан кој собира млади лидери од повеќе од 190 земји, на 5 септември, а потоа ќе заминат за Германија на Invictus Games Dusseldorf 2023 One Year to Go, пред пак да се вратат во Обединетото Кралство на доделувањето на наградите WellChild на 8 септември.

Нивната посета на Обединетото Кралство ќе биде нивно прво враќање по прославата на платинестиот јубилеј што се одржа на почетокот на јуни, а се уште не се знае дали ќе им се придружат и нивниот тригодишен син Арчи и едногодишната ќерка Лилибет .

„Принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс со задоволство ќе посетат неколку добротворни организации на почетокот на септември“, потврди за медиумите портпаролот на двојката.

Соопштението доаѓа само неколку недели откако се дозна дека Хари поднел втора тужба против британската влада и Скотланд Јард, кој одбија да бидат негова приватна заштита за време на престојувањата во Англија поради тоа што тој веќе не е „вработен член“ на кралското семејство.

 

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....