7.8 C
Скопје
23:56 - 31 март, 2026

Маск ќе активира сто сателити Старлинк во Иран: За „слободен проток на информации“

Основачот на SpaceX, Илон Маск, на Твитер објави дека е на пат да активира сто сателити Starlink за да овозможи пристап до Интернет во Иран.

Целта е да се обезбеди поголема интернет покриеност во земја каде што протестите, кои траат веќе три месеци, се задушени од режимот во Техеран.

„Ќе активираме 100 сателити Starlink во Иран“, напиша Маск на Твитер коментирајќи ја објавата на која се прикажани слики од млади луѓе кои шетаат по улиците на еден град во Иран.

Starlink е констелација од илјадници минијатуризирани сателити сместени во ниска орбита на Земјата, кои ќе работат заедно со копнените примопредаватели за глобален интернет пристап во одреден опсег.

Милијардерот веќе го најави во септември неизбежното активирање на сателитите како дел од обидот поддржан од САД за „унапредување на слободата на интернетот и слободниот проток на информации“ за Иранците.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....