10.8 C
Скопје
01:53 - 31 март, 2025

Масимо го одржа својот последен концерт со дрен во белите дробови, го нарече животен: „Докторе, со или без Вас, ќе го одржам овој концерт“

Веста за смртта на Масимо Савиќ вчера го шокираше регионот. Тој беше миленик на огромна публика,  а многу негови колеги и пријатели се уште се збогуваат со овој врвен пејач и музичар.

Масимо почина на 61-годишна возраст од рак на белите дробови.

Романо Болковиќ, хрватски новинар и водител, му посвети статус на Фејсбук на Масимо и откри неколку непознати детали.

– Приказната треба да започне од одамна ако почнам да ја раскажувам од почеток, па ќе ја раскажам накратко, и од крајот.

Пред неколку недели имав гостин, исклучителен човек, голем стручњак, лекар. Зборувавме во слободен контекст за различни нешта, за Бог и за светот, и некако разговорот не доведе до Масимо.

Да, овој мој гостин се занимава со онкологија. Реков дека ќе раскажам од крајот.

И така, уште на почетокот на приказната знаев дека е крајот, и не верував, бидејќи немав поим, но приказната допрва почнува, токму таму, на крајот – пишува Болковиќ.

Потсетува на неодамнешниот концерт на Савиќ во Загребската Арена.

– На тој мој гостин, а негов доктор, му кажал дека тоа е негов животен концерт. Човекот му одговорил дека не е можно да го одржи, дека тој животен концерт ќе му го загрози животот.

Масимо мирно му рекол дека токму затоа дошол да побара од тој мој гостин, исклучителен човек, лекар, да биде зад сцентата заедно со неговиот медицински тим. Па, ако нешто тргне наопаку, да се најдат.

Докторот го гледал неколку мигови и не му се верувало што Масимо му предлага, но пред билошто да одговори, Масимо му рекол:

– Докторе, со Вас или без Вас, јас тој концерт ќе го одржам. Зашто тоа е мојот животен концерт, ви повторувам.

Масимо знаел дека таа приказна тука почнува зашто завршува – пишува Болковиќ. Така, медицинска екипа била зад сцената. А Масимо го отпеал својот животен концерт со дрен во белите дробови.

– Мене тоа силно ме погоди кога го слушнав, таа вечер, таа приказна, тој детаљ, и сега кога светлата се угасија, кога салата е празна, некако помалку ме боли отколку таа вечер кога дознав дека тоа е крај на приказната, а дека нејзиниот главен јунак е толкав херој. Не можам ни да замислам, ниту имам право на тоа, што на Масимо би можело таа ноќ да му поминува низ глава додека го пеел својот животен концерт. Можам да кажам дека среде драмата на својот живот, ставајќи го на коцка поради она што морал да го работи, Масимо сигирно пееше како што во танцот игра самиот танц, не танчерот, растворајќи се во тие песни со кои се простуваше од нас.

Слични објави

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо

Маж од публиката го прекина концертот на Цеца Ражнатовиќ синоќа: Таа почна да го повикува обезбедувањето

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Стрелците да бидат отворени во љубовта, Девиците да бидат искрени кон партнерот, а вие?

Еспресо
Се вчитува....