13:46 - 25 септември, 2026

Маријана се враќа во Австралија со прекрасни спомени и посебен подарок од Дац и Александар: „Летниот распуст во Македонија го поминав прекрасно“

Маријана Новачевска и Росана Сариќ-Тодоровска летово пријатно нè изненадија со заедничката песна со Драган Спасов-Дац и Александар Митевски. Со песната „Засекогаш млади“  Маријана го заокружи тримесечниот летен одмор во Македонија.

„Летниот распуст во Македонија од речиси три месеци го поминав прекрасно. Со шеги, вицеви, насмевки и песна. Се случи нешто на што воопшто не се надевав по пандемијата, а излезе многу добро“, рече Маријана.

Пред да се врати во Австралија, Маријана седна на заедничко дружење со Росана, Дац и Александар, како и актерот Ѓорѓи Тодоровсски-Трупче, сопругот на Росана Сариќ-Тодоровска. Со многу шеги и емоции, тие се потсетија на снимањето на песната и спотот.

„Со љубов е направено сè и дефинитивно мислам дека излезе прва лига. Желба ми беше во животот некој да ме снима додека возам кола“, се пошегува Росана, мислејќи на малото розово количе во Лунапаркот.

„Едвај влеговме во количето. Ја прашав зошто го нашла баш најмалото и тоа розово“, возврати Маријана.

Маријана и Росана велат дека за новата соработка не им биле потребни големи подготовки и дека веднаш се вратила поврзаноста што ја имале во времето кога редовно настапувале заедно.

„Интересно е што апсолутно не се подготвувавме многу. Како пред толку години кога настапувавме заедно и исто дишевме, така беше и сега“, рече Росана.

„Тоа останало во нас“, додаде Маријана, а Дац се пошегува: „Точак не се заборава“.

На предлогот на Трупче следната година да направат заеднички концерт, Маријана низ смеа одговори:

„Ај за две, да ме пуштат овие од работа. Не се давам јас, засекогаш сум млада“.

Александар и Дац ѝ се заблагодарија на Маријана за соработката и за она што таа и Росана го оставиле во македонската музика.

„Ви благодариме за сè што сте направиле за наша Македонија сите овие години“, рече Александар.

„Јас ви благодарам од срце, најмногу што може човек. Сето добро што си го посакувам себеси, ви го посакувам и вам двајцата. Продолжете, ширете љубов, ширете песна“, им рече Маријана.

„Љубовта чуда прави“, додаде Александар, по што четворицата се прегрнаа, а Дац ѝ порача на Маријана да се јави кога ќе стигне. На крајот, Дац и Александар на близначките и на Трупче им го подарија нивниот познат љубовен пасош.

Слични објави

Ова се новите евровизиски претставници: Лила Филиповска ги најави двата нови албума на „Бендот на браќата Нуне“

М. Џ.

Моминска вечер што ќе се памети – Резервирајте термин во Villa Diva и прославете со стил

Еспресо

(Видео) „Би сакал да ги кријам партнерите но не ми успева“: Сергеј Варошлија искрено за љубовта

Еспресо

Катарина Лазиќ на удар поради здравиот живот: „Почни да пиеш како Дарко, да не најде некоја слична на себе“

E.A.

(Фото) Жак Хоудек ослабел 30 килограми: „Би сакал да симнам уште 30“

Еспресо

(Фото) Маја Вукичевиќ горда на успехот на синот Горазд: „Срцето ми е исполнето со гордост и среќа“

Еспресо
Се вчитува....