12.8 C
Скопје
17:33 - 3 април, 2026

Марија Шерифовиќ се изјасни за струмичанката Славица Ангелова: „Време е да се најде начин како навистина да се избира ѕвездата на Гранд“

По финалето на шеснаесеттата сезона на „Ѕвезде Гранда“, во која победи младата Македонка Славица Ангелова, пејачката и член на жирито Марија Шерифовиќ се огласи на својот Јутјуб канал и ги сумираше своите впечатоци.

Таа прво ги истакна нејзините кандидати кои важеа за фаворити во текот на целата сезона.

– Ништо не коментирав по завршувањето на „Ѕвезде Гранда“ бидејќи бев многу уморна. Бев среќна што дојдовме од крајот без разлика на резултатот. Праведно е да се каже дека според мојот вкус и познавање на работата, Ксенија и Мартин за мене се вистинско откровение – објасни Марија.

Марија конечно откри кои ѝ се фаворитите од другите тимови.

-Што се однесува до другите тимови, супер ми се Петар и Џенан – рече Марија.

Шерифовиќ накратко ја прокоментира победата на струмичанката Славица Ангелова.

-Многумина негодуваат на резултатот, а особено не ми се допаѓа тоа што го пишувате за победничката. Секогаш и засекогаш ја поздравувам одлуката на народот, и почнав интензивно да размислувам и дојдов до заклучок дека, на крајот на краевите, не се гласа за најдобриот во финалето – истакна пејачката.

Марија го искажа и мислењето за системот на гласање и начинот на кој публиката ја избира ѕвездата на Гранд.

– Прашање е колку е тоа фер, тоа што кога во еден натрпевар ќе дојдеме до финалето и кога прецизно ќе се види разликата, во еден момент престанува да биде музичко натпреварување и доаѓа до конкуренција меѓу државите и нивните претставници. Тоа е тема за која можеме да дискутираме. Не знам дали е тоа во ред или не. Мислам дека после многу, многу години, време е во тој систем нешто да се промени и да се најде начин како навистина се избира ѕвездата на Гранд – заклучи пејачката.

Слични објави

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.
Се вчитува....