5.8 C
Скопје
06:15 - 1 април, 2026

Маргот Роби за улогата во „Барби“ доби неверојатен хонорар и стана најплатената глумица во Холивуд

Маргот Роби и официјално е најплатената актерка во Холивуд благодарение на хонорарот за филмот „Барби“ во режија на Грета Гервиг, открива угледниот американски Variety.

32-годишната австралиската ѕвезда доби неверојатни (за актерки) 12,5 милиони американски долари за да глуми покрај Рајан Гослинг како Кен во овој долгоочекуван филм. Последната заработка на Роби го надмина нејзиниот претходен хонорар од 10 милиони долари за блокбастерот „Птици грабливки“ од 2020 година.

Гослинг, наводно, заработил иста плата како неговата колешка од „Барби“, па двајцата се изедначија на 16-то место на најновата листа на Variety за највисоки хонорари во Холивуд.

Веднаш по Роби, според оваа листа, втора најплатена актерка е Мили Боби Браун која заработила хонорар од 10 милиони долари за главната улога во „Енола Холмс 2“.

Првото место го држи Том Круз благодарение на неговиот нов хит „Top Gun: Maverick“. Круз, кој не само што е ѕвезда на ова продолжение на култниот филм, туку и негов продуцент, се очекува да заработи повеќе од 100 милиони долари од билетите за филм, неговата плата и приходите од стриминг.

НАЈПЛАТЕНИ ФИЛМСКИ ЅВЕЗДИ
1. Том Круз – Повеќе од 100 милиони долари (Top Gun: Maverick)

2. Вил Смит – 35 милиони долари (Emancipation)

3. Леонардо ди Каприо – 30 милиони долари (Killers of the Flower Moon)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....