7.8 C
Скопје
19:29 - 1 април, 2026

Марго Роби и Кара Делавињ во закачка со папараците: Фотографот завршил со скршена рака

По инцидентот со папараците во Аргентина, британските продуценти и пријатели на австралиската актерка Марго Роби и на британската манекенка и актерка Кара Делевињ наводно биле уапсени.

Се претпоставува дека вечерале во ресторанот „Патагониа Сур“ во Буенос Аирес кога околу три часот наутро им пришле фотографи.

Деловниот партнер на Марго Роби и филмски продуцент Џози Мекнамара и продуцентот Жак Хопкинс наводно се степале со фотографот Педро Алберто Оркуера пред ресторанот, кога на Оркуера му била скршена раката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cara Delevingne (@caradelevingne)

Мекнамара и Хопкинс биле уапсени и одведени во полициска станица на сослушување. Роби и Делевињ го напуштиле местото на настанот.

Во моментот кога се случил инцидентот со фотографот, Марго и Кара си заминале со автомобилот. Се претпоставува дека сведоците повикале итна помош кога избила расправија и Оркуера бил однесен во болница на понатамошно лекување поради неговата повреда.

Мекнамара и Хопкинс се појавиле на суд, а Марго Роби и Кара Делевињ полетале за Јужна Аргентина подоцна истиот ден.

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....