13:22 - 7 ноември, 2026

(Видео) „Маре ти си институција“ – радост до небо кај младите пејачи откако Марија Шерифовиќ ги покани на новиот албум

Време е за нов албум, да, луѓе мои, официјално е, најави позната српска пејачка Марија Шерифовиќ на Инстаграм и предизвика воодушевување кај нејзините фанови.

„Признавам, избрав 90 проценти од песните што ќе се најдат на мојот нов студиски албум, но за сите луѓе чиј живот е музика (како мене), верувам дека следните информации, односно поканата ќе биде многу интересна“,  вели Шеровиќ.

Таа ги покани сите млади луѓе да ѝ се обратат.

„Ги поканувам сите млади, неетаблирани, креативни луѓе кои немаат пат и начин нивната песна да стигне до нас изведувачите, да ги земат работите во свои раце! Отворам покана за сите да ми ги испратите вашите демо снимки што е можно поскоро!”, објавила пејачката, додавајќи ја нејзината е-пошта за контакт.
„Искрено се надевам дека можеби вашата песна ќе се најде на мојот нов студиски албум“, порача Марија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....