13.8 C
Скопје
17:58 - 7 март, 2026

Мараја Кери призна дека „не е во тек“ со бројот на децата на нејзиниот поранешен сопруг: „Има премногу, не можам тоа да го следам“

Мараја Кери е „не е во тек“ со растечкото семејство на нејзиниот поранешен сопруг Ник Кенон, пишува Дејли Мејл.

Според изворот, Мараја тврди дека „ги има премногу“ и „не ги следи неговите деца и нивните мајки“, но „таа е среќна за него и му посакува се најдобро”. Познатата пејачка беше во брак со ТВ водителот од 2008 година, до нивниот развод, кој беше финализиран во 2016 година, а заедно ги имаат близнаците Монро и Морокан.

Оваа година, Бре Тиези и Ник го добија своето прво дете, додека со Ланиша Кол го доби малиот Оникс, воедно негово деветто дете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)

И покрај нивниот развод во 2014 година, Мараја и Ник сè уште заедно ги одгледуваат своите 11-годишни близнаци. Изворот тврди дека „тие се многу добри еден со друг и имаат одлични односи“.

Ник има вкупно девет деца, а десеттото и единаесеттото наводно се на пат. Покрај близнаците со Мараја, ќерката Оникс со Ланиш и синот Леџендари со Бре, Ник има близнаци и со Аби Де Ла Роса, чие трето дете е на пат.

Тој, исто така, има две деца со Британи Бел, која исто така, наводно, го очекува нивното трето дете. Со Алиса Скот го имаше синот Зен, но на пет месеци тој трагично почина од тумор на мозокот.

За време на интервјуто за подкастот „It‘s Tricky With Raquel Harper“ во мај, Ник рече дека веднаш по разводот со Мараја, сфатил дека „не е создаден за брак“. Тој додаде дека не верува и не ја следи „традиционалната моногамија“.

Слични објави

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Драма на концертот на Драгана Мирковиќ во Сплит: Клуб евакуиран по дојава за бомба

Еспресо

Дара Бубамара му купила на синот стан од 500.000 евра, еве во кој европски град се наоѓа луксузниот имот

Еспресо

Снежана Савиќ, мајка со големо срце: „Бев фатална само за себе“

Еспресо

„Девојката со крилата“ објави дека го изгубила бебето: „Никому не би му посакала да го изоди истиот пат“

E.A.

„Се сакаме, ми готви секој ден“: Тигар првпат јавно проговори за врската со Јована Јеремиќ

apostolova
Се вчитува....