8.8 C
Скопје
13:45 - 22 декември, 2024

МАНЕКЕНКИ СО ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ ЗА ЗЛОСТАВУВАЊЕ: Предаторот е моќен сопственик на елитна агенција

Поранешниот сопруг на манекенката Линда Евангелиста е обвинет за злоставување од најмалку 11 жени.

Поранешниот супермодел, 52-годишната Каре Сутон на прес-конференција во Париз прозборе за силувањата и злоставувањата што ги доживеала додека работела во агенцијата управувана од нејзиниот наводен насилник, Џералд Мари.

Препуштени сами на себеси

Џералд Мари бил претседател на европскиот огранок на една од најголемите агенции за модели, „Elite Model Management“, во времето кога Каре Сутон пристигнала во Париз на само 17 години. Ја откриле во Калифорнија од американскиот огранок на таа агенција и брзо ја испратиле во Франција.

Каре Сутон / Фото: Принтскрин/Youtube

Каре разговарала со истражителите во Париз и на прес -конференцијата, заедно со уште една наводна жртва, Леса Амор, го опишала наводното сексуално злоставување, кое вклучувало и силување од Џералд Мари.

„Само што ја започнав кариерата, и веднаш бев заробена. Зависев од Мари за храна, кров над глава и вработување“, раскажа Сутон, додавајќи дека веднаш ѝ било јасно што се очекува од неа. „Бев свесна дека морам да трпам злоставување ако сакам да продолжам да работам“, додаде поранешниот модел.

Според францускиот закон, овој случај е застарен и наводниот сексуален предатор, не може да биде гонет. Сутон против него поднела граѓанска тужба во Њујорк.

Нејзиното сведочење во Париз, како што вели таа, имало поинаква вредност.

„За мене, правдата не е само некој да биде зад решетки. Бидејќи има многу луѓе како Џералд во оваа индустрија. За мене, тоа сега значи да се видат промени во оваа и сè уште во голема мера нерегулирана индустрија“, рече Сутон.

Таа и Амор се согласиле дека „денешната индустрија е истата индустрија што им овозможила на мажите да плаќаат за пристап до жените и нивните тела“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AMOORE (@lesaamoore)

Голема поддршка

Кампањата за промени во модната индустрија јавно ги поддржаа поранешните модели Карла Бруни, Хелена Кристенсен, Мила Јововиќ и Полина Поришкова.

полина поризкова
Полина Поризкова/ Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Поришкова посочи дека проблемот е што младите модели ги учат да „сметаат дека сексуалното злоставување е комплимент“, додека Јововиќ рече дека таа лично не доживеала ваков вид на злоставување, но дека ја доживеала културата на Дивиот Запад во која децата се третираат како возрасни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carla Bruni (@carlabruniofficial)

„Вие сте млади и ранливи, и како такви, некој лесно може да ве научи на доживотно злоставување и лоши модели што ја обликуваат вашата самодоверба и чувство за сопствена вредност до крајот на животот“, додаде Јововиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milla Jovovich (@millajovovich)

За време на мојата врска со Џералд Мари, не знаев ништо за наводите за сексуално злоставување, така што не бев во можност да им помогнам на овие жени. Кога ги слушам сега, како и кога се присеќам на моите искуства, верувам дека ја зборуваат вистината. Моето срце се крши поради нивните рани кои можеби никогаш нема да зараснат. Се восхитувам на нивната храброст и сила што решиле да прозборат за ова денес“, рече Линда Евангелиста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by femmeiconz (@femmeiconz)

Една од причините зошто поранешните модели проговорија е тоа што тие веруваат дека овие случаи на сексуално злоставување брзо стануваат „застарени случаи“ што ги спречува жртвите да ги пријават своите насилници.

„Жртвите на сексуално злоставување заслужуваат можност да ги пријават своите злоставувачи, а за тоа е потребен правен систем кој работи во согласност со науката што стои зад траумата“, вели Леса Амур.

Мари одговори на обвинувањата преку својот адвокат

„Мари е згрозен од овие лажни и клеветнички обвинувања“, изјави адвокатот, додавајќи дека „тој нема да даде какви било можни изјави до официјалниот разговор со овластените органи“.

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....