4.8 C
Скопје
16:12 - 21 декември, 2024

Малите тајни на големите готвачи: Кулинарски трикови кои секому ќе му бидат од корист

Овие мали кулинарски трикови треба да ги знае секој кој сака да биде успешен во кујната.

1. Непријатниот мирис и вкус на млекото кое малку загорело може да се отстрани ако млекото веднаш се претури во друг сад и ако му се додаде малку сол.
2. Млекото нема да загори или да се згрутчи ако садот во кој треба да се вари претходно добро се измие со ладна вода.
3. За да не ви преврие млекото, потребно е пред варењето за секој литар млеко да додадете по една лажичка шеќер.
4. Јадењето може побрзо да ви се излади ако садот со јадењето се стави во друг поголем сад наполнет со вода и малку сол, која ќе го забрза процесот на ладење.
5. Премногу загреаната рерна може да се излади ако во неа се стави сад со ладна вода, која ја апсорбира непотребната топлина.
6. Ако го пресолите јадењето, додајте малку сода бикарбона која ќе го апсорбира вишокот сол.
7. Месото од живина што не е тазе, ќе го омекнете ако во супата во која се обарува додадете лажичка алкохол (ракија). Месото ќе стане меко, а мирисот на алкохолот брзо ќе испари и нема да се чувствува во супата.
8. Крлушките на рибата лесно и брзо се отстрануваат ако пред чистењето рибата се стави една минута во врела вода.
9. Ако загреаното масло многу прска, додадете малку сол, чисто зрно грав или суви зрна грашок.
10. Морковот не треба да го гребете со нож, туку да го измиете со врела вода и да го исушите.
11. Компирите нема да оксидираат и ќе ја задржат убавата белузлава боја ако во водата каде што се варат додадете малку оцет.
12. За да не ви се распадне сувото овошје при варењето, потребно е пред да почнете, околу два часа, да го ставите да отстои во ладна вода.
13. За да не ви пукаат јајцата при варењето, потребно е да ставите малку сол.
14. Белките побрзо и полесно ќе се претворат во шлаг ако пред матењето ги ставите да постојат 20 минути на ладно место.
15. Сварените јајца полесно ќе се излупат ако непосредно по варењето во врела вода ги ставите во сад со ладна вода.
16. Конзервите со месо пред отворањето треба да ги ставите во ладна вода и да ги подгреете додека водата не зоврие, дури потоа да ги отворите и да ги послужите.
17. Супата никогаш не ја варете на најсилен оган, бидејќи така губи од квалитетот.
18. Ако јадењето при готвењето ви загори на дното – сеедно дали е во прашање вариво, месо или млеко, обидете се веднаш да го претурите во друго тенџере, но внимавајте да не го претурите и загорениот дел. Тоа треба да се направи спретно и внимателно, а ако успеете, нема воопшто да се чувствува загорениот мирис.
19. Доколку солта се претворила во грутки, лесно ќе ја иситните ако ја ставите во плех добро да ја загреете, да ја распоредите на даска и со помош на толчник да ја иситните.
20. Зејтинот во кој се пржат похуваното месо или колачите нема брзо да потемни ако во него додадете неколку зрна бел грав.

Слични објави

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо
Се вчитува....