„Дури и мал сончев зрак може да нѐ води низ облачното небо“, рече Илина Арсова, нашата позната планинарка и уметница која неодамна се врати од Америка во Македонија.
Илина оваа мисла ја објави од Охрид, каде што беше на плажа, а познато е дека нејзе не ѝ пречи студот и плива во езеро и во зимските месеци. На фотографијата може да се забележи дека Илина е во одлична форма и изгледа подобро од кога било.

Арсова неодамна ја откри вистината зошто се врати од Америка во Македонија, каде што Универзитетот во Тенеси работеше како професор на одделот за кинезиологија, рекреација и спорт и беше на докторски студии.
„Јас се вратив од Америка во Македонија зашто видов надеж. Сите овие мали победи кои се случуваа летово, мала победа на Дошница, мала победа Љубојно, мала победа Вардариште.
Тоа е еден убав момент на здрава, освестена критична маса која мене ми влева надеж дека ние со една иста мисла да си ја зачуваме и заштитиме мајката природа што живот ни дава“, рече Арсова.
