7.8 C
Скопје
23:24 - 29 март, 2026

Мајкина гулабица: Емотивна приказна на Зуица Лазова за ќерката

Емотивна приказна за ќерката Македонка сподели гордана мајка, Зуица Лазова, нашата позната фолк-пејачка и професорка по хармоника.

Имено, убавата Македонка дипломираше соло пеење на Факултетот за музичка уметност, а Зуица објави нејзина фотографија од моментот кога си ја зема диполомата и напиша: „Година подоцна вистинската диплома во нејзините раце. Со среќа мајкина гулабице“.

– Отсекогаш сум на „два фронта“, но кога се сака, сѐ се може. Но, се трудам никогаш да не трпи она што ми е примарно, а јас сум се одлучила дека ми е примарно тоа што сум наставник по хармоника во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ и гледам да ги менаџирам сите овие работи заедно.

Е, некаде ќе има задоцнувања од овој тип, но сепак, предност давам на помладите, на учениците – рече Зуица во едно интерву за „Слободен печат“ и додаде:

– Македонка е определена за класичната музика и засега не покажува интерес да пее нешто друго. Јас не инсистирав воопшто, како што на пример, не инсистирав и кај Стефан, кој реши да не оди на гитара, а одеше шест години.

Тој сака да продолжи на фолклорниот оддел во ДМБУЦ. Се радувам многу, но се трудам таа моја радост да не ја покажувам за да не направиме контра ефект – рече пејачката за своите деца и додаде дека со сопругот Наум Петрески се различни, но се надополнуваат.

 

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....