09:39 - 13 ноември, 2026

Мајката на Бритни Спирс изрази омраза за Сем Асгари: Бара ќерка ѝ да живее со неа

Мајката на Бритни Спирс, Лин, откако дознала за разводот на нејзината ќерка од нејзиниот трет сопруг Сем Асгари, била навредена од својот зет и сака нејзината ќерка да живее со неа. За тоа пишува Дејли Мејл.

Само еден ден откако беше откриено дека Сем Асгари (29) поднел барање за развод од својата сопруга со која беѓе во брак само 14 месеци, извор близок на семејството Спирс откри дека мајката на Бритни, Лин (68) била бесна поради таквото однесување на нејзиниот зет.

инстаграм

„Лин е бесна што Сем ја напушти Бритни. Тој се завети дека ќе биде со неа во добро и во лошо, во болест и во здравје – и знаеше дека таа не е добро кога се венчаа”, рекол инсајдерот пренесувајќи ги зборовите на мајката на Бритни.

Откако Сем го напушти домот на Бритни вреден 11,8 милиони долари, Лин сега очајно ја убедува својата 41-годишна ќерка да се пресели во нејзиниот роден град Кентвуд, Луизијана и да се врати кај неа за да може да „оздрави“.

“Лин ја моли Бритни да го напушти Лос Анџелес и да живее со неа. Таа мисли дека Лос Анџелес е “токсичен” и е сигурна дека живеела таму токму поради нејзиниот сопруг. А сега сака Бритни да дојде во Луизијана за да си го расчисти умот. И таа би можела да се врати во Лос Анџелес кога ќе биде спремна“, продолжи инсајдерот.

Кога Сем и Бритни првпат се сретнаа, нејзиното семејство и пријателите беа воодушевени, верувајќи дека тој ќе има добро влијание врз пејачката. Но сега многу помалку им се допаѓа, а некои членови на семејството Спирс, како што е случајот со Лин, и го мразат Сем.

„Разумните луѓе околу неа ќе бидат тажни бидејќи нивниот брак се распадна. Имаше чувство дека Сем сака да ја спаси, но можеби Бритни повеќе не може да се спаси“, рекол изворот за Дејли меил.

Друг инсајдер тврди дека Асгари ја донел одлуката за развод пред неколку месеци и престанал да се бори за спасување на бракот. Според изворот, „само седеше дома и играше видео игри“.

Инсајдерот верува дека Асгари едноставно свесно „кренал раце“ од Бритни.

Потсетуваме, популарната пејачка Бритни Спирс се разведува од својот сопруг, актерот и фитнес инструктор Сем Асгари, со кого беше во брак 14 месеци.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....