23:22 - 13 ноември, 2026

Мајката на Анета Љумаковска, никаде без ќерката и новиот зет

Мајката на Анета Љумаковска ги поддржа ќерката и новиот зет, саксофонистот Рубин Размо на нивниот заеднички настап на „Фолк фест Валандово“.

За песната „После сѐ“, Анета Љумаковска, Јане Динев и „Анета Бенд“, ја добија третата награда и патување во Грција кое како тазе младенци најверојатно ќе го искористат Амета и Рубин, саксофонистот во бендот.

Мајката на Анета, според објавите на Фејсбук беше со неа на фестивалот и сподели неколку слики на својот Фејсбук профил.

„ФОЛК ФЕСТ Валандово. Средба со многу драги луѓе од естрадата. Композитори, текстописци аранжери и изведувачи. Сѐ на едно место“, напиша Љиљана Љумаковска.

Музиката и текстот за песната се на Томислав Коцевски – Пепси, а аранжманот е на Дарко Илиевски.

На 20 мај, фолк-пејачката Анета Љумаковска се омажи за својот колега, музичарот Рубин Размо. На своите профили на социјалните мрежи, пејачката објави заедничка фотографија на која таа е облечена во бел костум со букет во рацете, а тој во бело палто.

Љумаковска не ставила опис до сликата, но по амбиентот и по честитките под неа, станува јасно дека му се заколнала на вечна љубов на колегата. До сликата таа симболично ја избрала песната „Во добро и зло“ (У добру и злу) од Борис Новковиќ.

 

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....