2.8 C
Скопје
17:48 - 25 ноември, 2024

Мајка ѝ на Александра Пријовиќ: „Први зборови кои ги реков беа ‘ја родив мојата ѕвезда’“

Мајката на популарната пејачка Александра Пријовиќ, Борка Михајловиќ, прозборе за успесите на нејзината ќерка, но откри и многу непознати работи за Прија, во интервју за српски Телеграф.

На прашањето во кој момент сфатила дека нејзината ќерка е предодредена за успех, Борка одговара.

„Тоа беше моментот кога ми ја донесоа во породилиштето, кога ја видов. Едноставно, не можам да опишам..Кога ја земав во раце, тоа го знаев. Први зборови кои ги реков беа „ја родив мојата ѕвезда“. Тоа беа први зборови кои ги кажав кога го видов моето дете. Па така, таа за мене е ѕвезда од раѓање“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Express (@express.ba)

Борка одговара и дали сите пријатели останале исти, по големиот успех на Прија во регионот, со оглед на тоа што Брена непдамна рече дека „успехот на Александра многумина ги жуља“.

„Па нека ги жуља, тоа е нивен проблем. Ние немаме такви проблеми. Важно е таа да е среќна, здрава, кариерата да ѝ оди, а семејството да е околу ена. Сите сме тука, се држиме заедно и никој ништо не ни може кога сме едни за други“, вели Бранка за Телеграф и додава дека Александра со леснотија го поднесува успехот.

На прашањето дали ја допреле негативните коментари, таа одговара.

„Па да, сепак, некој мал напис, некој коментар ќе те допре. Но ништо, ќе се насмејам и велам – добро е, тоа така мора да биде. Не можат сите да пишуваат се најдобро, мора да постои и една и друга страна на успехот“.

Бранка вели дека во наредниот период, во годините пред неа, ја гледа Прија „на некој поголем простор“ и додава – „јас мислам дека за сега таа остави добар печат и нека биде така и за дваесетина години“.

Инаку родителите на Александра, Бранка и Недељко, се разведени и секој од нив тргнал по свој пат, со нови партнери.

 

Слични објави

(Видео) Луна Ѓогани ги засени сите на модната писта: Сакав да бидам манекенка, но животот ме однесе на друго место

Еспресо

(Видео) Џипот летал 2 метра! Српска инфлуенсерка доживеа страшна сообраќајка на автопат

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од парфемот на Карлеуша: Името е особено симболично

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прекина концертот во Осиек и му се обрати на момче од публиката: „Дали си приморан да го правиш ова?!“

Еспресо

(Фото) Ќерката на Пере наполни четири години, пејачот на „Нокаут“ објави семејна фотографија со сопругата и ќерките

Еспресо

Конечно без кафеански маси и стомачен танц! Карлеуша се огласи за концертот на Тања Савиќ, колегите од „Гранд“ сè уште молчат

Еспресо
Се вчитува....