9.8 C
Скопје
18:09 - 30 март, 2026

Маја Шупут за нејзиниот Шиме: „Денес сме маркетиншки трик, а утре сме лудо заљубени“

Маја Шупут во разговор за „ИН Магазин“ проговори за шпекулациите што со недели кружат за неа и Шиме Елез, а со шега истакна дека во еден момент чувствувала како „да ќе искочи од паштета“ поради вниманието што го добиваат.

Пејачката се осврна на различните теории кои јавноста ги гради околу нивниот однос – од тоа дека се „маркетиншки трик“, па сè до тврдењата дека се „лудо заљубени“. Вели дека најмногу ја забавува тоа што интерпретациите се менуваат од ден за ден.

„Денес сме маркетиншки трик, утре сме партнери. Денес прочитав дека имаме криза бидејќи не сме се појавиле во медиуми неколку дена. Наводно не е добро ни кога те има премногу, ни кога те нема. Не знам каде е балансот… можеби треба да прашам некоја агенција“, изјави низ смеа.

Шупут додава дека теориите што кружат околу нив се толку шаренолики што и самата се смее на нив.

„Баш секој има своја верзија од мојот живот. Секој слушнал нешто од ’сигурен извор’, а јас само уште не сум дознала кој е тој толку проверен извор. Најрадо би им ја оставила фантазијата – зошто да им ги уништам тие пет минути добар трач на кафе“, рече таа.

И покрај тоа што често споделува моменти од својот живот, свесна е дека јавноста секогаш ќе составува свои приказни: „Луѓето сами си креираат наратив, виделе или не виделе.“

Маја нагласува дека нема што да крие и дека кон својата публика е максимално отворена.

„Исклучително сум транспарентна. Мојот живот е прилично јавен. Постојано покажувам каде сум, со кого сум и што правам – онолку колку што јас сакам. Не знам што повеќе им треба на луѓето“, изјави пејачката.

Маја Шупут и Шиме Елез активно објавуваат фотографии на социјалните мрежи. Последно споделија кадри од патувањето во Дубаи, а претходно заедно присуствуваа на модна ревија во Задар.

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin
Се вчитува....