6.8 C
Скопје
08:19 - 1 април, 2026

Маестро Џамбазов не го препознал – најнеобичната приказна што ја раскажа Игор

Игор Џамбазов самот по себе е феномен, но тој не пропушта да каже дека во животот имал од кого да научи за актерството и за шоу бизнисот.

Тој е син на легендарниот композитор и диригент, маестро Александар Џамбазов, внук на легендарниот актер Петре Прличко, и син на Анче Џамбазова.

Игор често знае да изјави дека неговата мајка многу му недостасува, а тоа го направи и во новата објава на Фејсбук, со која сподели еден вреден спомен.

„Со мама Анче во “Народен пратеник”. 1995та.Мојата прва претстава во МНТ после заминувањето од Драмски театар. Бев посебно мотивиран. Направив еден многу впечатлив театарски лик, за кој подоцна добив и награда. Мама Анче уживаше во сето тоа три пати повеќе од мене.

А најмногу уживаше кога бевме заедно на сцена. Јас правев триста глупости во таа претстава, “керефеки” што викаше дедо ми Петре. Имав пресмешен костим, перика како од немите филмови, и фелер во говорот. Бев тотално непрепознатлив.

Татко ми и сестра ми беа на премиерата. Некаде пред крај на првиот чин, маестрото ја прашал сестра ми: “Кога ќе се појави Игор?” Тоа ми е најголемиот комплимент што сум го добил во мојата театарска кариера“.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....