12:25 - 9 ноември, 2026

Мадона призна дека сега е „опседната со секс“ и жали за бракот

Мадона за својот канал на Јутјуб сними видео посветено на 40-годишнината од нејзината музичка кариера, во кое одговори на голем број прашања.

Така, поп дивата, која неодамна го прослави својот 64 роденден, изјави дека сега сака да има секс и тоа е нејзина „опсесивна идеја“. Пејачката додаде дека „има многу секс“ во последно време во нејзиниот живот.

На прашањето за кои животни избори се кае, таа брзо одговори:

„Се кајам што се омажив, двапати.“

Мадона беше во брак со Шон Пен од 1985 до 1989 година, во 2000 година се омажи за Гај Ричи и се разведе од него во 2008 година.

„Имаше моменти кога се чувствував како да сум во темнина. Сакам да најдам некој кој мирно ме прифаќа таква каков што сум“,– рече таа во 2015 година.

Во април 2022 година, Мадона раскина со нејзиното младо момче Ахламалик Вилијамс и сега официјално не е во врска, иако медиумите пишуваат дека таа е во наводна романса со 23-годишниот модел Ендрју Дарнел со кого и позираше неодамна за насловната страница на магазинот Paper. Моделот (според озборувачките сајтови) „сега поминува многу време со Мадона, па дури и присуствуваше на 10-от роденден на нејзините ќерки близначки Естер и Стела минатата недела“.

Слични објави

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.
Се вчитува....